Не е дотолку јагма како кај наши луѓе по бугарски пасоши но, Кинезите се најбројни меѓу оние кои ја искористиле грчката понуда за златна виза, односно 5 годишна дозвола за престој во Грција за секој странец кој ќе инвестира или купи имот над 250.000 евра.
Од околу 4.000 лица кои добиле престој по овој основ, преку 1.500 се Кинези, по нив се Русите а има и Ирачани, Либанци и Египќани. Дозволата за престој не значи и државјанство за што се потребни дополнителни години престој во Грција.
Кинезите генерално се сериозни инвеститори во таа земја. Во 2016 за 500 милиони долари купија 67% од пристаништето во Пиреја кое планираат да го направат клучен трговски јазол на Медитеранот. Две години претходно, кинеската групација Фосун влезе во атинскиот аеродром и бизнисот со недвижнини а подоцна влезе и во грчки осигурителни компании.
Но, полека со тоа парите. Шпанците даваат иста таква дозвола за помалку.