Купи стан, добиј виза

Секој што ќе купи нов стан / куќа во Шпанија во вредност над 160.000 евра, заедно со тапијата за имот ќе добие и документи за престој во Шпанија.

Како и за добар дел од одлуките во земјата, и овој пат главна причина зад ваквиот план се парите. Моментално Шпанија има меѓу 700.000 и 1 милион непродадени нови станови во земјата (за споредба во САД бројката е околу 145.000) а шпанските банки држат околу 200 милијарди евра лоши хипотеки.

Слична програма на ова имаат и: Португалија, која нуди државјанство за купување имот над 400.000 евра; Ирска за имот над 500.000 евра; и Унгарија која ги нуди документите на секој што ќе купи од посебната серија на владини обврзници во вредност над 250.000 евра.

Една од грижите на противниците е дека со овие проекти одредени членки на Унијата можат сериозно да влијаат на имиграцијата во цело ЕУ.

поправка од читател
Zdravo Trendo,
edno pojasnuvanje i ispravka vo vrska so objavenata vest za Spanija, deka nudi drzavjanstvo za sekoj sto kje kupi kukja. Vesta e pogresno prenesena, bidejki Spanija ke nudi samo dozvola za prestoj (residency), no ne i drzavjanstvo (citizenship), sto e sosema razlicna rabota. Da ne se zatrcaat Makedoncive po spanski kukji, ne vredat za parite, nit za dozvolata :).

Ј.

 

28 ноември 2012 - 10:54