Пред 3 години, Дарко Павичевиќ собира десетина хрватски сточари во задругата "Производи од село", кои денес вработуваат 36 луѓе, обработуваат илјада хектари земја, имаат 1.300 животни и произведуваат 12.000 литри млеко.
Она што задругата го прави малку поразлично е што се одлучува на користење на млекомати - автомати за продажба на свежо млеко. Па наместо продавање на млекото на големи млекари, секој производител купува сопствен млекомат, сместен во некоја од локалните продавници или во нивна близина, од каде купувачите можат секој ден да наточат свежо млеко.
Освен што ги собира земјоделците, Павичевиќ носи и банкари за да им го претстави проектот и да добие кредит за нив. Самиот млекомат чини 16.800 евра, а според Павичевиќ трошокот го враќаш за 4 месеци (плус субвенции, плус ЕУ фондови).
Производството литар млеко хрватските сточари ги чини меѓу 25 и 29 денари, а во еден момент за него од големите млекари почнуваат да добиваат 16,5 денари. Со воведувањето на новиот систем, и трошоците околу него, производството на литар млеко достигнува 37 денари, ама за тоа го продаваат за 50 денари. На страна млекото, фармерите произведуваат уште 30 други производи кои ги продаваат на локалните пазари и продавници, а ги снабдуваат и хотелите и рестораните.
Членовите на задругата имаа и заеднички бикови за расплод, заедничка земјоделска механизација која ја делат по претходно утврден распоред, и заеднички книговодител и маркетинг.