"Заробениот" јаглерод-двооксид преку многу наука Клајмворкс го претвора во ѓубриво кое го користи во своите пластеници во кои одгледува зеленчук. Целта им е во текот на следната деценија драматично да ја зголемат својата технологија, а до 2025 планираат да отстрануваат 1% од глобалната годишна емисија на издувни гасови.
Иако има и други обиди на темата отстранување издувни гасови, погонот на Клајмворкс е првиот таков во светот, а она што е посебно важно кај него е што системот не работи на перманентно складирање на загадениот воздух, туку на негово преработување и искористување.
Првата локација за системот од 18 колектори на јаглерод-двооксид на Клајмворкс е на кровот на фабрика за спалување ѓубре во близина на Цирих. Целиот систем работи на вишокот енергија што се создава од печките за палење отпад. Колекторите користат вентилатори за да го вшмукаат околниот воздух во своите филтри, кои го апсорбираат јаглерод-двооксидот. Филтрите потоа се загреваат а јаглерод-двооксидот се одлева во блиските пластеници.
Според првиот човек на Клајмворкс, Кристоф Гебалд, заробениот јаглерод-двооксид може да се користи за производство на гориво, газирани пијалоци и други производи.
Тие моментално со првичниот систем годишно вадат 900 тони јаглерод-двооксид од воздухот. Целта за 2025 им е 250.000 тони со многу пораширена мрежа на вакви системи.