Таг: цирих

Да се фатиме за лопата, инаку ќе ја одложат

Навивачите на Цирих не оставаат ништо на случајот. Им се гледа фудбал по секоја цена.

Ма какво одложување, ние навивачите ќе го исчистиме снегот

Јаки сцени пристигнуваат од последниот меч на Цирих кој се сретна со Сент Гален. Лудиот април се обиде да им ја расипе фудбалската претстава со снег, ама не им успеа. На терен се симнаа навивачите кои создадоа услови за игра.

Срамотилаци на колото, на празен гол

Базел и Цирих одиграа 2:2 во 6. коло од швајцарското првенство. Домаќините можеби и ќе победеа, ако Јусуф Демир и Тиерно Бери се договореа кој да ја забие топката во гол. Првиот што клизна, непотребно се излакоми и го направи едно од најголемите промашувања на сезоната.

Во Швајцарија со мерак се оди и во затвор

Швајцарските власти објавија оглас за волонтери што би сакале да тестираат еден нов затвор што се отвора во Цирих. Претходно искуство не било предуслов на огласот.

Претседателе, кучето ти е на сред терен, прибери го

После 21 одиграно коло во Швајцарија, Цирих е трет со 3 бода зад вториот Базел. Викендов ремизираа со Сион 1-1, а дуелот накратко го прекина домашниот миленик швајцарски овчар на претседателот на Цирих Ансило Канепа, кој морал да се симнува од ложа да го враќа.

Душмански волеј за гол на викендот

Во Швајцарија само што почна најдобрата фудбалска Супер лига. Ситуацијата сезонава нема да биде како досега кога имаше изразит фаворит за титулата, па ќе биде неизвесно. Синоќа Цирих и Лугано одиграа луд меч со 4 гола (2:2) а резултатот го отвори Александер Герндт со страшен волеј за 0-1.

Милан тоне сè подлабоко, Динамо Загреб гази

АЕК Ларнака на Тричко (асистенција) и Мојсов ремизираше со Лудогорец. Ристовски одигра полувреме во поразот од Арсенал а Адеми прави чуда со „Модрите“.

Прославуваше гол и потоа го снема

Косовскиот фудбалер Бенјамин Кололи го постигна единствениот гол на мечот АЕК - Цирих 0:1, откако го искористи пеналот кој го направи Даниел Мојсов со рака. Убаво е да се слави со навивачите, ама и да се знае кај се тера.

За оние што велат само на Балканот има стока хулиганска

Прво закажале „ферка“ на однапред договорено место. Таму дошле 60-ина хулигани на Базел и 90 на Цирих засилени со германска банда навивачи на Карлсруе. По тепачката, овие од Базел не можеле да се смират па решиле да им ги кршат возилата на противниците кои едвај спасија жива глава.

Швајцарците почнаа да ловат ЦО2

Клајмворкс е првата компанија на светот што комерцијално го отстранува јаглерод-двооксидот од воздухот и го претвора во нешто корисно. Оваа корисност моментално се одвива во близина на Цирих.

Малиот ултрас што оди сам на гостувања

Необична слика стигнува од швајцарските второлигашки стадиони каде од сезонава игра и Цирих кој лани сензационално испадна од првата лига. На дуелот Цирих - Ле Мон, гостите ги бодреше едно дете кое само мести знаме, чука на тапан и навива.

Цирих и Лугано денес за опстанок, во недела во финале на Куп

Оваа недела е парадоксална за ФЦ Цирих и ФЦ Лугано, двата клуба кои се на дното на Швајцарската Супер Лига. За четири дена ќе знаат што се, полковници или покојници.

Пукна срам во Цирих, Илчо го изначека Инфантино

Отако завршија изборите и Швајцарецот Џани Инфантино стана нов претседател на ФИФА, првиот човек на македонскиот фудбал Илчо Ѓорѓиоски буквално се изначека да му честита, додека овој како да не го позна и неколку минути стоеше покрај него со раката во воздух.

Меси vs Роналдо 5:3

Аргентинецот Лео Меси по петти пат е избран за најдобар фудбалер на светот и на тој начин ја прекина двогодишната доминација на Кристијано Роналдо. Меси ја добиваше Златната топка од 2009 до 2012.

Тато, зошто не ги сопреш сите лаги?

16 најнеобични цитати на човекот со фластер на лицето, кој се соочува со сериозни обвинувања за корупција и примање мито за организација на СП во Катар.

Денот за кој се живее во Цирих

На денот кога играат Цирих и Грасхоперс, овој швајцарски град не изгледа како официјално најчистиот во Европа. Грасхоперс од 2007-ма не игра на својот Хардтрум стадион кој го срушија, туку игра на Летцигрунд кој го дели со омразениот ривал ФЦ Цирих. Како и на многу места во светот, така и кај нив важи поделбата на богати и на работничка класа.

3 пати несреќа

Се потруди човекот, ама кога не сака - не сака и не сака. Амин Чермити од Цирих, против голманот, одбраната и среќата на Арау.