- Меси лани постигна 52 гола со 26 асистенции на 61 меч за Барса и Аргентина.
- Американката Карли Лојд е прогласена за најдобра фудбалерка во изборот на ФИФА. Лојд беше најдобар стрелец на СП во Канада кое го освои нејзината селекција.
- Наградата Ференц Пушкаш за најдобар гол на годината му припадна на Бразилецот Вендел Лира од Гојанензе.
- Луис Енрике е избран за тренер на годината во која освои пет трофеи. Лучо седна на клупата на Барса во 2014-та и со Каталонците лани освои Примера, ЛШ, Копа дел Реј, стана светски клупски шампион и го освои европскиот Супер Куп. Во конкуренција за најдобар тренер беа уште и Пеп Гвардиола и Хорхе Сампаоли (Чиле). Во женска конкуренција, најдобар тренер е селекторката на САД, Жил Елси.
- ФИФА го одбра и тимот на 2015-та во кој најголемо изненадување е отсуството на Луис Суарез. И покрај тоа што заедно со Меси и Нејмар постигна повеќе од 100 гола, Уругваецот не најде свое место. На негово место, во нападот со Меси и Нејмар е и Кристијано Роналдо.
Четврта година по ред, најдобар голман е Мануел Ноер. Бразил има дури четворица играчи во тимот на годината, иако оваа репрезентација одигра очаен Мундијал во 2014-та. Во средниот ред свое место најде и Хрватот Лука Модриќ.
Тим на годината: Мануел Ноер, Тиаго Силва, Марсело, Серхио Рамос, Дани Алвес, Андрес Иниеста, Лука Модриќ, Пол Погба, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо.