„Сега сум Сеп. Обичен човек. Среќен сум како кога на островот Гуам во месната област ме надлетаа многу птици и ми се покакаа на оделото. Претседателот ми кажа тогаш: За среќа! И тоа навистина беше среќен ден".
„Јас сум државјанин на Швајцарија. Сум бил командант на пук од 3.500 луѓе. Сум ѝ служел на својата земја".
„Што направив со парите? Ќерка ми има стан. Јас имам два, еден во Цирих, друг на друго место. Тоа е сè".
„Понекогаш тајно влегував во собата на ќерка ми и ѝ оставав подароци во малиот ранец. Сите добри татковци го прават тоа".
„Ќерка ми еднаш ме праша: Тато, зошто не ги сопреш лагите? Тебе никој не ти верува. Тогаш сфатив дека не е лесно да ја погледнете целата приказна".
„Еднаш на швајцарската граница на ќерка ми ѝ побараа да плати 110.000 швајцарцски франци за увоз. Ги внесувала малите подароци од мене. Беше забавно".
„Со нетрпение чекам да одам на вечера со девојка ми која живее во Женева. Далечината не ни влијае на добрите односи. Можеби и така е подобро за мажот да даде 100 одсто од себе. Оној со кој живеете во еден момент ќе биде очаен, па дури и ако сте великодушна личност".
„Им простувам на сите, но не заборавам".
„Не спаѓам меѓу првите 3.000 најбогати луѓе во Швајцарија. Таму има луѓе со по 25 милиони долари".
„Да жалам? Не жалам за ништо. Едно нешто за што жалам е што бев премногу великодушен во фудбалот, мислев дека сум опкружен со добри луѓе, а после сфатив дека сум бил готово непрекинато, да кажам така, искористуван".
„Горд сум на тоа што го направив. Можеше ли некој подобро? Да, ако бил доволно глуп да влезе во фудбалот, би можел. Сепак, тешко е да се најдат луѓе кои биле во играта не само со тело и ум, туку и со срце и душа".
„Не сум најпаметен човек на светот. Но како што велат Французите: Je ne suis pas un imbecile (Јас не сум будала)".
„Ја сум планинска коза. Секогаш одам и одам, не можам да престанам".
„Зошто со Платини немавме пишан договор кога му ги префрлив парите? Затоа што тоа е фудбал. Кога Иниеста му дава топка на Меси, не мора да потпишат пишан договор".
„Кога Платини ги побара парите, се ракувавме и му реков: Важи, нема проблем. Ракувањето во нашата работа е многу важна".
„За човек како мене, кој растел на планина постои израз: Во секое сирење мора да има дупка". Значи, кога Јавниот обвинител на Швајцарија праша не така едноставно прашање, каде се парите, му реков: Во секое сирење мора да има дупка. Не ме разбраа".