Апсурдот на швајцарскиот фудбал

Цирих и Лугано денес за опстанок, во недела во финале на Куп

Оваа недела е парадоксална за ФЦ Цирих и ФЦ Лугано, двата клуба кои се на дното на Швајцарската Супер Лига. За четири дена ќе знаат што се, полковници или покојници.

Нивната судбина во најдобрата лига ќе се реши во среда, кога ќе се знае кој ќе испадне а кој ќе се спаси, а во недела ќе играат меѓусебе и во финалето на Швајцарскиот Куп. Лугано, кој има бод предност на табелата знае дека сè е во негови раце и мора да го победи Сент Гален дома. Цирих во меѓувреме го пречекува Вадуз до крајот и ќе се надева на кикс на Лугано.
 
Викендов во секој случај ќе биде тотално различна приказна за Лугано и Цирих, кога ќе се сретнат во финалето на Купот. Фудбалот бил сведок на многу испаднати тимови како го креваат трофејот во Купот во минатото, и бројни нисколигаши кои стигнале до завршницата на Купот, но ниту еднаш не се случиле два тима од дното на првата лига да играат меѓу себе во финале.
 
За Цирих, еден од најважните и најпочитувани клубови во земјата кој беше шампион во 2009. година, испаѓање од лигата ќе биде рамно на катастрофа.

Легендарниот Зденек Земан е тренер на Лугано

Нивниот прволигашки статус не е сменет 26 години и клубот има позитивна стратегија со млади фудбалери под водство на легендарниот претседател Свен Хотц и неговиот наследник Анчио Канепа кој стана прв човек во 2006-та.
 
Најдобри фудбалери кои излегле од Цирих се Рикардо Родригез, Гокан Инлер, Бљерим Џемаили, Јосип Дрмиќ и Адмир Мемеди. Најмоќен клуб во Швајцарија во моментов е Базел кој освојува титулу едно по друго од 2010. година. Канепа беше обвинет за непотизам затоа што вработил многу роднини во управниот одбор и жена му била инволвирана во раководење на клубот.
 
Цирих почна да продава играчи без да им најде адекватна замена и резултатите се влошија. Клубот заврши трет лани, но со 25 бодови зад шампионот. Кога тренерот Урс Мејер бил отпуштен во август, навивачите застанале зад голманот Давид Да Коста кој бил скаран со тренерот.

Поранешниот играч на Ливерпул Сами Хипија кој беше отпуштен од Брајтон во 2014-та, стана нов тренер на Цирих и добил одврзани раце да прави што сака. Тоа резултирало со катастрофални резултати.
 
Дури и доаѓањето на рускиот ветеран Александар Кержаков на позајмица од Зенит зимава, не им помогна. Тимот на Хипија загуби од Лугано 4:0 пред две недели. Фијаското го спушти Цирих на дното и фаворит за испаѓање.

Претседателот на Цирих, Канепа го довел клубот на раб на испаѓање

„Канема направи голема грешка што му веруваше толку многу на Хипија. Но тоа се случува кога нема кој да ти каже дека грешиш“, изјавил коментаторот на швајцарската телевизија Давид Лемос. Сега Цирих може да испадне и тоа ќе биде голема срамота за клуб со таква традиција кој дал многу квалитетни играчи“.
Дури и ако го освојат Купот по деветти пат во нивната историја, навивачите на Цирих ќе бидат очајни ако се загуби местото во Супер Лигата. За Лугано е поразлично, затоа што тоа ќе биде нивен прв трофеј од 1993. година кога го победија Грасхоперс пред 23 години. Пред две недели Сами Хипија го избркале од клубот, затоа што ја изгубил довербата во играчите, а за нов тренер е назначен Уели Форте.
 
Тогаш за Грасхоперс играа Џовани Елбер и Киријако Сфорца, но Лугано носен од Нестор Субиат сензационално ги раскантал 4:1. Лугано во 2001. година за малку ќе станеше шампион првпат после Втората Светска Војна, а во 2004. година банкротираа и се вратија во првата лига дури во летото 2015-та година на задоволство на целиот регион со италијанско говорно подрачје.
 

Новиот тренер Уели Форте ќе се обиде да го спаси Цирих

Лугано во моментов има најлоша одбрана во лигата со примени 75 голови на 35 меча. Тренерот Зденек Земан (69) кој ја водеше Рома и Бреша во минатото не ја среди екипата која губеше три меча по ред со 6:0 од Сион, 7:0 од Јанг Бојс и 4:1 од Базел во април.

„Ако го победиме Сент Гален ќе направиме голем чекор. Има голема разлика меѓу двете лиги, особено финансиски и од таа точка на гледиште очигледно е дека ни е поважно да опстанеме отколку да го освоиме Купот. Тоа би било чудо во ваква катастрофална сезона 2016-та", вели Марсело Теличари, спортски директор на Лугано.

Или некој тим ќе слави два пати за четири дена, а некој ќе жали два пати. Финалето се игра на стадионот Лецигрунд во Цирих во недела.