И покрај здравствените проблеми, големиот Синиша кој почина на 16 декември, на 1-ви истиот месец му прави изненадување на Зденек Земан за време на промоцијата на неговата книга „Убавината нема цена“. Цела сала му аплаудираше за гестот.
Да бидеш еден од најценетите тренери во Италија а да не си „нивен“ значи само едно: Да се викаш Зденек Земан, човекот кој правеше чуда со Фоџа во ’90-те години, а ги тренираше и римските гиганти.
На денешен ден, 12 септември 1993. година на мечот Фоџа - Јувентус (1:1), дебитираше 20-годишниот Алесандро Дел Пјеро кој влезе во игра на место Фабрицио Раванели. Се загреваше, а Трапатони го викна со фамозната свирка.
Но ова не е приказна само за фудбалот. Италијанците ден денес прераскажуаат како Блаж Слишковиќ со тренерот Галеоне пречекувал рани зори во италијанските таверни, како пиел по 10 кафиња на ден, а има и анегдота дека еднаш некој го видел без цигара во рака.
Оваа недела е парадоксална за ФЦ Цирих и ФЦ Лугано, двата клуба кои се на дното на Швајцарската Супер Лига. За четири дена ќе знаат што се, полковници или покојници.
„Еден ден ќе му ја додаваш на Тоти со нога, а не со рака", му рекол Луиџи Флоренци, таткото на Алесандро кој од Јужната трибина на Олимпико се симна на теренот и заигра покрај својот идол, капитенот Франческо Тоти.
И двете екипи тогаш имаа лоша сезона, но на Олимпико одиграа натпревар со 9 голови, а тие што платија карта уште го раскажуваат. Тоа беше меч на кој Зденек Земан ја покажа својата филозофија на игра.
Пред 30 години беше дел од насловните страници во италијанските весници заедно со неговиот попознат братучед. Беше надежен голгетер, живееше луксузно, смени 38 коли во животот, но сега питачи на железничка станица.
Зденек Земан е познат во Италија како тренер кој практикува напаѓачки фудбал, а тоа екстремно го примени на гостувањето против Интер. За едно полувреме неговиот Каљари направи водство од 4:1, а сликава покажува дека во напад тргнувале по 8 играчи.
Доказ за тоа е екипата на Пескара која од врвот во втората италијанска лига стигна до Серија А, но веднаш падна на дното и се врати во второлигашкото друштво. Стратегијата која ја направија челниците на клубот за да направат кам бек во прва лига по 20 години, им падна во вода.