Тоа време не било како сега, кога децата едноставно велат „одам да гледам некој фудбал на телевизија“. Тогаш секоја минута фудбал била драгоцена.
Во ’80-те и ’90-те години децата трчаа за да го изгледаат целиот преглед на Серија А во недела во седум навечер. Ги познаваа сите играчи, дури повеќе и од самите коментатори кои чекаа прилог за Савичевиќ или долгокосиот Роберто Баџо.
Тогаш во Серија А играл човек кои сите Југословени поддеднакво го сакале, несовршен исто колку и нивните животи. Блаж Слишковиќ. Босанецот играл во еден мал, неугледен клуб од чијшто прозор „се гледала неговата куќа на Јадран“, како што раскажува самиот Слишковиќ.
Бака, како што го викале секогаш бирал море пред фудбал, па не случајно целиот боженствен талент го искоцкал во ’80-те години на брегот на Сплит, Марсеј и Пескара во Италија. Таа година била голема за Пескара. Толку голема што во градот постојат десетина луѓе кои се викаат Бака, поради човекот кој им ја испишал најважната клупска историја.
На Апенинскиот полуостров кога се зборува за Слишковиќ, го викаат „Балканскиот Марадона“ што е помалку навредливо не поради тоа што Блаж бил подобар од Аргентинецот, туку затоа што во тоа време така го викале Австриецот Андреас Херцог (Алпски Марадона) или некои Руси и Украинци кои направиле пар добри потези па ги почастиле со такви надимаци. На Бака не му требале
споредби.
Неколку години пред да замине во Марсеј, на поубавиот хрватски брег, Бака го растури Торино во новиот Куп на УЕФА. Им даде два гола, еден од волеј и една бомба од далечина. Хајдук ги исфрли Мец и Торино, и загуби од белгискиот Варегем во четвртфиналето.
На Блаж Италијанците некако му беа по мерка. Еднаш ги „шина“ Аѕурите во квалификациите за Олимписки Игри како југословенски репрезентативец.
Џовани Галеоне во времето на танцот на Бака во Хајдук го водеше италијанскиот тим Спал. Овој тренер важи за еден од патријарсите на италијанскиот фудбал, не поради успесите, туку поради влијанието кое го изврши на генерацијата славни италијански тренери (Макс Алегри, Гасперини, Вентура, Марко Џампаоло и други). Галеоне во Италија важи за тренер кој во време на апсолутна доминација на катаначото во Серија А, ја патентирал формацијата 4-3-3 и го сметале за еретик.
Пескара во најдобрата сезона во клупската историја ги имала Блаж Слишковиќ, Лео Јуниор, Бразилецот кој во 1982. година постигнал еврогол против Аргентина. Играчиште на кои сонародниците никогаш не му ја простиле грешката против Италија кога со голот на Паоло Роси Аѕурите го елиминирале Бразил. На првиот меч против Џенова Босанецот дава гол, а на втората средба, против Рома, си поигрува со легендарниот Бруно Конти.
На дебито во Серија А, „Делфините„ од Пескара го изненадиле Интер а Слишковиќ бил прецизен од пенал кога го седнал Валтер Ѕенга. Таа година Бака одиграл 23 средби во првенството и со 8 голови бил прв стрелец на Пескара.
Но ова не е приказна само за фудбалот. Италијанците ден денес прераскажуаат како Блаж Слишковиќ со тренерот Галеоне пречекувал рани зори во италијанските таверни, како пиел по 10 кафиња на ден, а има и анегдота дека еднаш некој го видел без цигара во рака.
Преку Јадранот еднаш во две недели му стигнувала пратка. Во пакетот имало ќебапи, козјо сирење, вино и лута сливка како гест на благодарност за тренерот Галеоне.
Пескара таа година била како сламка на ветрот но успеала да се избори за опстанок во Серија А, нешто што не им успеа никогаш после тоа. Тогаш во градот на големо се зборувало дека големиот мајстор од Мостар чекирал карта за голема сцена, го барале Јувентус и Интер, и веројатно неговата кариера би се позлатила. Сепак во април се повреди против Торино и коленото му отиде во неповрат.
Практично тој 10-ти април ја завршил сериозната играчка кариера. После неколку години Бака се врати во Пескара и се обиде со Галеоне да го повторат успехот, но Пескара завршила на дното.
Кога Зидан го прашале од кого најмногу учел како дете, тој од прва рекол „Од генијалниот Бака во Марсеј“.