Топ тема на денот е правната битка која Суперлигата ја доби на суд против ФИФА и УЕФА. Флорентино Перез и неговите сојузници на идејата се радуваат, а клубови како Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Атлетико се јавија со соопштение дека се против. Италијанскиот третолигаш Пескара е воздржан.
Сите тројца ја почувствуваа жестината со која се водат битки да се стане прволигаш. Се искалија со мангуп тренер, направија одлични трансфери, станаа протагонисти и стигнаа до ниво да ги елиминираат Белгија, Шпанија и Англија.
Се вика Леѓан Мемушај, член е на Пескара и селекцијата на Албанија и изведе удар кој двајца голмани не го бранат. Од таму обично крилата нафрлаат, а овој мртов ладен ја спука во гол со лудачки лоб.
Колку е необично да се набљудува како 90-милиони платениот Гонзало Игуаин не минува низ својот најдобар момент, а во исто време Чиро Имобиле кој Јувентус го продаде пред 3 години за 9,5 милиони евра (половина од правата на договорот) се изнадава голови.
Андреа Пирло го нема повеќе во репрезентација, ама затоа тука е Марко Верати моторот на екипата на ПСЖ кој обично го има на терен онаму каде што е топката. На 16 години си дозволи да одбие два италијански гиганти, а сега Јувентус за него нуди 80 милиони евра. Па сега видете колку вреди.
Патот на мигрантите често го викаат пат на надежта, пат во потрага по сон кој за жал често се претора во кошмар. По тој пат тргнал и 17-годишниот Сенегалец Мамаду Кулибали.
Да ја чита човек приказнава нема да поверува дека чита за Серија А, туку ќе мисли дека се работи за некој затуцан нисколигаш кој нема пари да им плати превоз на играчите. Во ера на суетни карактери во фудбалот кои се полнат со милиони, ваков пример во прволигашки елитен фудбал немало.
Џанлука Лападула не е од оние фудбалери кои не летаат во облаци од слава и не бараат 200.000 фунти неделно со образложение дека 150.000 им се малку. Тој е играч со приказни кои имаат душа и кои потекнуваат од локално кафанче каде се уште е виснат неговиот дрес.
Еден од најпријатните моменти во историјата на италијанскиот фудбал се случи вчера во Серија А. По сложена операција на отстранување тумор од мозокот, напаѓачот на Каљари Федерико Мелкјори се врати во фудбалот и беше најзаслужен за гостинската победа против Интер во неделата.
Италијанскиот фудбал полека излегува од кризата. Да, до рекордни 1,1 милијарди премиерлигашки евра се далеку, но активноста на клубовите и инвестициите од Далекиот Исток носат оптимистични суми.
Во 2017 година тврди дека ќе влезе во Гинис со рекорден број на влетувања на терен за време на фудбалски натпревар. ФИФА го обвини нека бил најлош пример на Мундијалот во 2014-та, бразилските власти го избркаа, а неговата порака е: Да има мир во светот.
Пескара е последниот патник во Серија А, откако со вкупни 3-1 во двомечот го совлада Трапани во плејофот. Тренер им е Масимо Одо а групата талентирани играчи ја предводи Италијанец со перуанско потекло кој се изнадава голови и доби прекар Игуаин од Серија Б.
Но ова не е приказна само за фудбалот. Италијанците ден денес прераскажуаат како Блаж Слишковиќ со тренерот Галеоне пречекувал рани зори во италијанските таверни, како пиел по 10 кафиња на ден, а има и анегдота дека еднаш некој го видел без цигара во рака.
Во баражот за пласман во Серија А, фудбалерите на Болоња ремизираа со Пескара 1-1 и благодарение на подобриот пласман на табелата се вратија во најдобрата италијанска лига по само една година.
Италијанскиот фудбалски клуб Пескара за претстојната сезона ќе им подели бесплатни сезонски влезници на невработените и социјално загрозените навивачи.
Доказ за тоа е екипата на Пескара која од врвот во втората италијанска лига стигна до Серија А, но веднаш падна на дното и се врати во второлигашкото друштво. Стратегијата која ја направија челниците на клубот за да направат кам бек во прва лига по 20 години, им падна во вода.