Федерико Мелкјори е играчот кој уште долго ќе се памети. До почетокот на сезонава, овој шпиц настапил на само еден меч во последните 10 години во Серија А и тоа во дресот на Сиена.
Потоа кариерата му назадувала и играл за екипи во Серија Д, но и таму ретко давал голови. Во 2010. година Мелкјори бил блиску да ја заврши кариерата затоа што му нашле тумор на големиот мозок. По операцијата, Италијанецот се вратил во Серија Д каде почнал да дава голови за Падова, а веќе во 2013. година заиграл во Серија Б.
Од минатата година дојде во Каљари и беше најзаслужен за брзото враќање на овој тим во најдобрата италијанска лига. Иако никој не верувал дека после операцијата ќе биде стариот добар Мелкјори, тој вчера го матираше Интер на сред „Џузепе Меаца“ и му ги донесе најважните бодови на тимот од Сардинија досега сезонава.
Во новото првенство, сезонава 2017/17, Мелкјори има одлична статистика: два меча - два гола. На дуелот против Сампдорија влезе од клупата и за 14 минути постигна гол. Целата екипа беше воодушевена од неговиот учинок, а вчера против Интер ја воодушеви Италија. Заигра од првата минута и најпрвин го намести Хандановиќ да си даде автогол, а подоцна и самиот даде еврогол.
По осум одиграни кола, Каљари е на високото седмо место во Серија А со 13 освоени бода. Вчерашниот триумф против Интер беше трет во серија за тимот од Сардинија.
Голот на Мелкјори против Интер во победата 1-2:
Хајлајтс и головите од мечот: