„Ме викаат Фалко и имам успеано да се појавам на терен за време на финале во Лига на шампиони и Светско првенство. Пријател ми е Антонио Касано, а Касано во својата книга вели дека имал 600 жени. Јас сум имал можеби околу 100 помалку. Без разлика на толкавиот број, не сум ја пронашол вистинската. Мојата идеална жена треба да биде во стилот на мајка ми, да биде едноставна и да биде домаќинка“.
Вака се претставува Италијанецот Марио Фери - Фалко кој е препознатлив по маицата од супермен со која го има свртено еден куп стадиони. Беше последниот Италијанец кој остана на Мундијалот во Бразил каде влета на терен за време на осминафиналето меѓу САД и Белгија.
Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке кој во Бразил продаваше карти на црно, а етичкиот комитет на ФИФА му изрече суспензија од 12 години поради корупција во неговото работење, за Фалко изјави дека бил најсрамниот пример на Светското.
Полицијата му даде рок од три дена да ја напушти земјата, но Фалко важи само за авантурист кој се бори за внимание пред широкиот аудиториум за да испраќа пораки. Дел од нив се:
„Спасете ги децата од трговија со дрога“. „Во чест на убиениот навивач на Наполи Чиро Еспозито“. „Мир во светот“.
Авантурите на Фалко почнаа во 2007 година во Пескара, градот каде што е роден и продолжија во многу стадиони низ Италија. Меѓународното искуство не му е само во Бразил, туку бил и во Јужна Африка, Дубаи, Лондон, Мадрид.
Пред шест години влезе на дуелот Џенова – Сампдорија и на маицата напиша „Касано во репрезентација“, а тој на редарите им кажа да не го малтретираат бидејќи биле пријатели. На 28 мај 2011-та за време на финалето на ЛШ, се појави на Вембли и на Меси му закачи на врат шал од Милан.
Марио има направено и ред други будалаштини како на пример, беше дел од Џиро Д`Италија, а беше падобранец дури и на реалното шоу Изола деи Фамози на остров во Хондурас каде двајца рибари му помогнале да им се појави на учесниците и да им однесе храна.
Има порака и за Гонзало Игуаин:
„Се прави ли такво неверство на луѓе кои те споредуваа со Господ? Во тим каде што ќе бидеш еден од многумината? Да бидеш идол во Наполи беше најубавата работа која можеше да ти се случи. Драг мој, знаеш ли каков студ ќе почувствуваш во Торино? Малдини, Занети, Дел Пјеро, Тоти. Не постојат повеќе такви играчи. Драг Гонзало парите не се се во животот, а не ти ни фалат. Едно Скудето повеќе или помалку не вреди колку љуботва која ти ја даваше Наполи. Ќе сфатиш кога ќе бидеш голем и кога ќе престанеш да играш. Ќе се каеш за овој избор. Ова ти го кажува навивач кој нема врска со Наполи“.
Следниот предизвик на Марио Фери е да му стави шал од Наполи на Игуаин на Јувентус стадиум, како што му стави на Матераци шал од Милан.
Последното видео на Марио од неговиот ресторан
Неговите авантури на терен