Фудбалскиот клуб Пескара минатата сезона одигра епизодна улога во Серија А и веднаш се врати во второлигашката конкуренција, а додека играше во елитата имаше втора најслаба посетеност во лигата.
Челниците на клубот донесоа решение со кое ќе ја зголемат посетеноста, а воедно и ќе им помогнат на помалку среќните. Тие поделија 1.000 сезонски влезници на невработените навивачи.
„Пресреќни сме што успеавме да обезбедиме илјада годишни влезници на нашите сограѓани кои се помалку среќни од нас", изјави директорот на клубот.