Последното појавување на Михајловиќ во јавност

И покрај здравствените проблеми, големиот Синиша кој почина на 16 декември, на 1-ви истиот месец му прави изненадување на Зденек Земан за време на промоцијата на неговата книга „Убавината нема цена“. Цела сала му аплаудираше за гестот.

„Синиша ми е пријател и жал ми е што не е баш добар со здравјето“, вели Земан и во тој момент се слушаат аплаузи. Од за грб со неговата препознатлива насмевка му се појавува Михајловиќ.

75 годишниот чешки стратег му се заблагодарува на неговиот 22 години помлад колега за жртвтите кои ги направил за да дојде.

Земан беше тренер на Лацио (1994-1997) па Рома (1997-1999), а Михајловиќ играч на Рома (1992-1994) па Лацио (1998-2004).

Не се погодија во ист период, но станале пријатели и во Рим оделе заедно на вечера. Синиша раскажа и интересна случка од тоа време.

„Кога бевме во Рим одевме заедно на јадење. Еднаш бевме тројца. Земан немаше кола или не знаеше да вози, не знам, другиот имаше смарт, а јас имав спортска кола двосед. И сега како ќе влеземе тројца во кола за да одиме на вечера? Земан го зема комбето од мајка му за инвалиди и луѓе не гледаа и се чудеа зошто излегуваме од возило за инвалиди“.

Претходно се пошегуваа и за тоа од каде се познаваат. Земан вели дека го знае Михајловиќ од силните слободни удари кои ги шутирал меѓу луѓе, а тој пак му одговори дека не се сеќавал дека некогаш шутирал така.

Во прв ред во еден момент во кадар се појавуваат Џиџи Ди Бјаџо и Еузебио Ди Франческо.

Кога Михајловиќ раскажа како најдобриот другар им ја срушил куќата во Вуковар

23 декември 2022 - 14:56