Ле Мон е второлигаш кој доаѓа од малото предградие на Лозана, Ле Мон сур Лозана кое има 5.000 жители. Од Цирих ова предградие е оддалечено 250 километи. Но да му се вратиме на фудбалот.
На мечот на Ле Мон против Цирих на гости во гостинскиот сектор на стадионот „Лецигрунд“ бил еден единствен навивач - детето Емануел кој има само 14 години. И тој викал, навивал, удирал по тапанот со сета сила, како што прави секаде каде што го гледа Ле Мон. Пред секој меч го мести и знамето на оградата, а за гостувањето во Цирих спремил и соло кореографија со конфети кои самиот ги сецкал.
Мечот завршил 1:1 и после судиската свирка за крај на мечот, целата екипа на Ле Мон отишла кај гостинскиот сектор и му заблагодарила на Емануел а некој му го дал и својот дрес. Емануел добил аплаузи и домашната публика.