Во близина на Малко Тарново, во граничниот појас со Турција, на збирно место за ловџии се собираат 30-тина лица. Во камуфлажни униформи, некогаш маскирани, секогаш вооружени со мачети и опремени со радио- станици. Нивниот улов се мигранти кои успеле да ја минат границата и да се упатат кон некоја европска дестинација.
Тоа се припадници на БНО Шипка, пара-воена формација предводена од некогашниот полковник на бугарската војска, Владимир Русев, кој е горд на свое чеченско искуство кога се борел од страната на Русите.
Русија му е драга ама ни Трамп не му е лош.
„ЦИА сака да го уништи ама ние му ја нудме сета наша поддршка“, великодушно ќе понуди Русев.
Тврдат дека организацијата има околу 50.000 членови и дека не се екстремисти туку само патриоти кои сакаат да ја заштитат својата држава и да го спречат исламизирањето на Европа на чиј браник се наоѓаат секојдневно, во планинскиот масив Странџа.