Американскиот претседател до републиканските лидери испратил предлог во кој ѕидот кон Мексико е планирано да го покрие со соларни панели, а собраната електрична енергија да ја искористи за да ги подмири трошоците за негова изградба и одржување.
Предлогот до Трамп стига од една приватна архитектонска компанија од Лас Вегас, "чиј сопственик со месеци размислувал како да изгради ѕид со соларни панели на американско-мексиканската граница". По поднесување на предлогот до Департманот за домашна безбедност, компанијата добила зелено светло од федералните власти да продолжи и да изработи целосна процена на проектот.
Според проектот на Томас Глисон, ѕидот би генерирал доволно електрична енергија за да ја исплати својата изградба за помалку од 20 години. Неговите финансиски предвидувања се базираат на опаѓачката вредност на соларните панели чија цена од 8 долари по произведен ват во 2009, во 2016 паѓаат на 1,5 долари.
Иако би претпочитале соларната инсталација да биде поставена на друга локација, од енергетската индустрија се задоволни што Трамп размислува за поставување на така масовен број панели на ѕидот што треба да ги дели САД и Мексико.