Во извештајот на Ексан БНП Парибас се тврди дека облеката иако е "клучна категорија што го дефинира брендот" таа "тешко дека е профитабилна". Оваа категорија ја опфаќа сета облека што можете да ја купите од продавница или онлајн. Под "тешко дека е профитабилна" авторите подразбираат дека најголемиот дел од брендовите губат пари на ова.
Тие стигаат до заклучокот дека за најголемиот дел од брендовите, облеката е главен загубар. Таа нуди се помалку и помалку бенефити во споредба со тоа колку чини да се произведе, посебно затоа што купувачите можат лесно да најдат варијации на истите стилови низ најразлични нивоа на цени, тука вклучувајќи фалсификати и ланци за брза-мода (Зара, Манго и сл.).
"Сметаме дека големата отвореност кон облеката претставува структурна слабост за овие компании," се објаснува во извештајот во кој се тврди и дека облеката го нема истиот фактор на препознавање како додатоците типот на нова чанта или обувки.
Ахиловата пета е во тоа што муштериите ги купуваат овие брендови како начин за покажување на својот статус, а облеката е помалку ефективна во ова, заради што тешко се оправдува нејзината висока цена.
Продолжувајќи со текстот од кој ќе навре солза и на најтврдокорното синдикално око, во Кварц се објаснува дека прво е скапо да се произведе облеката, и да се организираат модните ревии за тоа што ќе се произведе. Па на овој трошок дополнителен проблем е да се убедат купувачите да ја платат целата цена на производот наместо да чекаат попусти, и целата колекција соодветно да се презентира во физичка продавница, во време кога тие стануваат една од најслабите точки на продажбата.
ЦЕО-то на францускиот луксузен бренд Ветмо, неодамна одговарајќи зошто решиле да ја игнорираат Модната недела во Париз, објаснува:
"Денес ревиите немаат никаква врска со облеката. Најголем дел од комбинациите не се ни произведуваат, па не ни завршува во продавниците. Ревиите се само за да го продадат сонот, кој на крајот од денот ќе продаде парфем или часовник во фри-шоп".