Вести

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Речник

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Електричниот Голф станува поевтин од плин или дизел

Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT) ја проверувал цената на набавката, горивото и даночните трошоци на најпродаваното европско возило, Голфот на Фолскваген, во сите негови варијатни: електрика, хибрид, плин и дизел варијанта. Во рамка од 4 години, електричниот Голф испаѓа најевтин во пет европски земји.

Трамп е на пат да добие воена парада

Откако плановите за масовна воена парада во Вашингтон беа повлечени по удирање есап колку ќе чини таа желба, Трамп ја редизајнираше идејата, главно по обем.

Точаците им кренаа рачна на автономните возила

Холандија го има највисокото ниво на подготвеност во светот за воведување автономни возила на своите улици и автопатишта, исто така го има веројатно и највисокото ниво на користење велосипеди. Излезе дека овие две работи не се компатибилни.

Специјалниот американски пратеник за Венецуела и неговата историја на уништување низ Латинска Америка

Се вика Елиот Абрамс, на позицијата беше именуван минатата недела, а во резиме има повеќе од 30 години разорување низ Јужна Америка, и ова некако не им се допаѓа на новите американски конгресмени.

Вистинските жртви на модата

Бугарските текстилни работнички шијат за Хуго Бос и други ексклузивни брендови. Живеат во земја која одамна е членка на ЕУ и НАТО. Имаат два мали проблема: што газдите често ги третираат како роботи и што за целото црнчење земаат мизерни пари.

Ни Бил Гејтс не сака 70% данок

Човекот кој своето богатство го вети на решавање глобални проблеми иако е сложен дека треба даночната стапка во САД да биде попрогресивна (повисока), сепак не е лагоден со бројките што ги спомнуваат некои „екстремни“ политичари како Александрија Окасио-Кортез и нејзините 70% данок за богаташи. Според него „не е тоа поентата“.

На првиот човек на Меј за брегзит, на пијачка му се испушти планот за брегзит

Британските медиуми пренесуваат една многу наивна сторија според која на главниот преговарач на Меј за брегзит, Оли Робинс, сред бар во Брисел му се испуштила тајната стратегија на британската премиерка за решавање на брегзит, додека во исто време во близина седи еден британски новинар.

Гуаидо јак на улица, Мадуро на анкети

Венецуелската анти-владина коалиција предводена од човекот кого запад го смета за легитимен претстедател на државата ги одржа веројатно најмасовните протести досега. Но, мнозинството граѓани на Венецуела и натаму го сметаат Мадуро за нивен претстедател. Дури и опозиционите лидери кои се надеваа на брз пресврт, сега велат дека веројано во прашање не се денови туку месеци.

Каде ќе лежи Ел Чапо?

Американскиот суд го прогласи за виновен мексиканскиот убер нарко-бос Јоакин Ел Чапо Гузман, и му одреди затворска казна која ќе трае до крајот на неговиот живот. Следен чекор е да утврдат кое ќе биде новото престојувалиште на Ел Чапо.

Со чисти раце

Водител на телевизијата Фокс призна дека 10 години нема измиено раце. Не верувал во постоењето бактерии. „Не ги гледам, значи, не постојат“, заклучи Пит Хегсет.

Со чисти раце

Водител на телевизијата Фокс призна дека 10 години нема измиено раце. Не верувал во постоењето бактерии. „Не ги гледам, значи, не постојат“, заклучи Пит Хегсет.

Шведска нема кеш

Не постои земја на светот која толку брзо се ослободува од кешот како начин на плаќање како Шведска. Во 2018 година само 13% од луѓето се фатиле за пара кога нешто плаќале. Ситно нема ни во јавни вецеа.

Сопругот ѓубре и неговото право

Сопругот (се уште) на првата италијанска црномуреста министерка, Сесил Кјенге, решава и тој да се проба во политика и да се кандидира на следните локални избори. За да го заслужи насловот неговиот избор за коалиционен партнер е крајно десната Северна Лига.

Хиџабот како симбол на угнетување на жените

Ставот е на неодамна избраната Mинистерка за статусот на жените на Квебек, и откако беше притисната да го повлече, таа реши да го повтори и да остане на тоа што претходно го кажала.

Кина го загадува воздухот во Калифорнија

Слично како што Кина не почитуваше граници во загадувањето, така и загадувањето не почитува државни граници. За сега Калифорнија трпи штета по двете основи.

Трамп тера социјализам за богатите, а капитализам за сите останати

Во неодамнешното обраќање пред Конгресот, Трамп прогласи дека „Америка никогаш нема да биде социјалистичка држава“, притоа игнорирајќи дека таа е станата жариште на социјализмот, барем на социјализмот за богатите.

Зошто треба да пипнеш пред да го ставиш

Кога надвор е ѕивра а вие сте на бензиска за да наточите гориво, пожар е последното нешто во ви паѓа на памет. Но, токму тоа е време кога најчесто се случуваат бељи со оган.

Русите ќе вежбаат исклучување од интернет

Во некое време до први април 2019 година, Русија планира комплетно да се исклучи од глобалниот интернет, чисто за да провери како ќе ѝ оди без него.

Жан Клод Јункер е сè заради што се случи Брегзит

Сакате да разберете зошто Британија гласаше да ја напушти  ЕУ?  За тоа постои објаснување од три збора: Жан. Клод.  Јункер.

Гага од државата носи среќа ама не и вработување

Во најмасовниот експеримент на светот со загарантиран личен доход, Финска на свои невработени граѓани цели две години им даваше по 560 евра месечно, како помош додека да најдат работа, со гаранција дека ќе продолжат да им даваат пари и откако ќе најдат работа.

Што па Макрон се буни кога и тој се меша во италијански работи?

Како за влада која активно ја поддржува италијанската опозиција, Французите многу се вознемирија што италијански функционери им вратија мило за драго, порачуваат од италијанското Движење 5 ѕвезди.

Треба повеќе да им се смееме на Русите

Марк Галеоти е автор и експерт на тема руска политика и криминал, чија главна порака од сета таа експертиза е дека Западот комплетно погрешно го има протолкувано Путин како и комплетна Русија.

Александар предвреме го умреле, не па нас

Ќе испадне дека има зрно вистина во оној блесав стих „чеда сме на Александар“. Според последната теза околу неговата смрт, кога бил прогласен за мртов, Александар сè уште бил жив само што не можел да даде никаков знак за тоа. Ни со рака да мрдне, ни со глас да се јави. Ко нас да нè гледаш.

Зелениот нов договор на Окасио-Кортез

Кога прв пат го спомна оданочувањето од 70% за американските богаташи, намерата на Александриа Окасио-Кортез е парите да бидат пренаменети за Зелен нов договор, кој ќе има две главни точки: борба против климатските промени и борба против економска и расна неправда. Сега таа и официјално го објави планот.