Електричниот Голф станува поевтин од плин или дизел

Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT) ја проверувал цената на набавката, горивото и даночните трошоци на најпродаваното европско возило, Голфот на Фолскваген, во сите негови варијатни: електрика, хибрид, плин и дизел варијанта. Во рамка од 4 години, електричниот Голф испаѓа најевтин во пет европски земји.

Тоа се Германија, Холандија, Велика Британија, Норвешка и Франција во кои електричниот Голф испаѓа најекономичен заради комбинација на ниски даноци, цената на горивото и субвенциите. Притоа, даночните ослободувања се маркирани како клучен фактор за охрабрување да се купи електрична верзија. 

Норвешка нуди најголема заштеда бидејќи за електрично возило зема 27% помалку отколку за дизел. Во другите земји заштедата на оваа основа се меѓу 11 и 15 проценти, а најмала е во Велика Британија на која за данок на електрично возило се зема само 5% помалку.

Сандра Вапелхорст од именуваниот институт вели дека субвенции за електрични возила нема ни да требаат кога нивната куповна цена ќе падне на ниво на стандардните коли. А тоа се очекува  да се случи меѓу 2025 и 2030 година. Во меѓувреме продолжува да паѓа и цената на батериите а се решава и клучното шубе околу нив, колку ќе држат на подолг пат. 

Според студијата, за четиригодишно поседување и возење, најскапо испаѓа хибрид, делумно и затоа што треба да се одржуваат два мотора.

Од чкарт воздух, во ЕУ предвреме умираат 500.000 луѓе годишно.

******

За Голфот, некогаш:

 

14 февруари 2019 - 16:53