На крај не многу од испитаниците успеаа да најдат работа а оценувано по оваа метрика, експериментот е неуспех затоа што „добивањето бесплатни пари на ниту еден начин не влијаело на веројатноста дека луѓето ќе се вработат“.
Сепак тоа не значи дека експериментот вистински е неуспех бидејќи тој им и еден многу позитивен исход: луѓето кои ја примале помошта се чувствувале многу посреќни и помалку стресни.
„Примателите на загарантиран личен доход од тест групата пријавиле зголемена добробит во секоја смисла во споредба со контролата група,“ објаснуваат финските истражувачи.
Сигал Самуел во Вокс објаснува дека самата идеја за гарантиран основен приход е многу нова и има „голема конфузија за најосновните прашања околу неа: За што тој служи? И што треба да се постигне со него?“.
Појаснувајќи го самиот концепт на универзален основен приход, дека државата треба да дели гарантирана, редовна стипендија на секој свој граѓанин, тој потсетува дека идејата потекнува барем најмалку од 16-от век, кога целта и е да ја намали сиромаштијта и нееднаквоста.
„Последниве години таа доживува раст на популарноста во Силицумската долина, каде иновацискиот бум кој генерираше страв од невработеност предизвикана од автоматизација на работите места, натера моќни луѓе да се залагаат за универзален основен приход, овозможувајќи и на идејата неверојатно брзо да добие на значење.
Ова е ретка идеја која доби поддршка од ликови кои се неспоиви како милијардерот Марк Закерберг, левичарот Берни Сандерс, либертаријанецот Милтон Фридман, и активистот за човекови права Мартин Лутер Кинг џуниор,“ пишува Самуел.
Ваквата сплотеност зад идејата во никој случај не значи и униформност во разбирање на истата. Едни ја толкуваат како начин да се стави крај на сиромаштијата, за други таа ќе му помогне на општеството подобро да се справува со невработеноста предизвикана од автоматизација, за трети оваа идеја е сојузник во борбата и докрајчувањето на социјалната држава.
„Еве ви уште еден начин да се дефинира целта на основниот приход: да се намали човековото страдање. Или поинаку кажано: да се усреќат луѓето.
И тоа само по себе е одличен исход, а финскиот експеримент го постигна тоа...
... Помалата изложеност на опасниот вид стрес, кој најчесто произлегува од невработеноста, е неизбежно добро. Тоа исто така е и инструментално добро за секоја влада која сака да го намали трошокот што подоцна ќе мора да го плати за граѓаните кои развиваат сериозни здравствени проблеми од претераниот стрес,“ порачува Самуел.