Човекот до сега успеа на неколку пати да избега од неколку мексикански затвори. Ова на ниту еден начин не е поврзано со некои негови натприродни моќи туку едноставно се базира на логистика и пријатели, и сето тоа добро подмачкано со корупција.
Имајќи ги предвид сите овие квалификации, следното живеалиште на Ел Чапо најверојатно ќе биде супер-макс затворот АДХ Флоренс во Колорадо. Тоа „супер-макс“ е кратенка за супер максимална безбедност, а според сето она што се знае за затворот, таму не би успеало ниту едно од претходните бегства на Ел Чапо.
АДХ Флоренс се наоѓа во изолиран планински дел на околу 185 километри од Денвер, а во него сите затвореници се чуваат во специјално направени „контролни единици“ кои функционираат како затвор во затвор.
Затворениците се ограничени на својата ќелија по 22 или повеќе часови на ден, со што речиси и немаат контакт со надворешниот свет. Секоја од ќелиите има тесен прозорец висок 107 сантиметри и под агол кон небото, за затворениците да не можат меѓусебно да се гледаат.
Дел од затворениците кои се најголема безбедносна закана, заради што и најмногу дремат во ќелија, имаат и телевизор на кој се емитуваат „содржини кои им обезбедуваат образование, психолошка помош и религиозни сервиси“.
Ројтерс објаснува дека ограничувањата во затворот се направени за да се осигури дека „затворениците немаат начин да извршат влијание или закани вон затворските ѕидини“.
Меѓу досегашните жители на АДХ Флоренс се: човекот кој во 1993 го организираше бомбашкиот напад на Светскиот трговски центар, Рамзи Јусеф; организаторот на масакрот на Бомбашкиот маратон, Џокар Царнаев, и американскиот терорист Тед Качински.
„Експертско“ размислување околу АДХ Флоренс:
Фотки од келијата во АДХ Флоренс: