На состанок со својот кабинет, Трамп повторил дека размислува да организира некој собир околу 4-ти јули, а настанот уште сега го нарекува парадата „Салутирање на Америка“.
Меѓу неговите желби е настанот да стане традиција, а од деталите што ги открил се знае дека „ќе има бесплатен огномет“, плус стандард гости и нешто војска. Одговорен за целиот настан е американскиот секретар за внатрешни работи, Дејвид Бернхардт.
Минатата година Трамп беше крајно напален (по посетата на парада во Париз) да организира голема воена парада кој требаше да се одржи на Денот на ветераните. Сето ова беше откажано кога пресметаа дека таков настан ќе чини 92 милиони долари.