Гуаидо јак на улица, Мадуро на анкети

Венецуелската анти-владина коалиција предводена од човекот кого запад го смета за легитимен претстедател на државата ги одржа веројатно најмасовните протести досега. Но, мнозинството граѓани на Венецуела и натаму го сметаат Мадуро за нивен претстедател. Дури и опозиционите лидери кои се надеваа на брз пресврт, сега велат дека веројано во прашање не се денови туку месеци.

Во анкета на венецуелска фирма за истражување на јавното мислење (велат независна), 57% од испитаниците се изјасниле дека Николас Мадуро е легитимен претседател на земјата. За ХУуан Гуаидо тоа го мислат 32% од луѓето а 11%  не знаеле што да мислат или не сакале да одговорат.

Вашингтон пост пишува дека иако опозицијата успева да ја билда бројката незадоволни кои излегуваат на улица, дури и опозиционите лидери сфаќаат дека нивната желба за брзо рушење на социјалистичката влада се претвора во долготрајна битка.

Еден од клучните фактор за тоа е што воено-политичкиот круг околу Мадуро останува нечепнат и покрај бројните повици и обиди луѓе од тој круг да му завртат грб на авторитарниот лидер на Венецуела.

Анти-владините надежи беа подгреани со вест дека Кина почнала да разговара со опозицијата бараат со самите Кинези брзо објаснија дека се тоа лажни вести.

Досега е јасно дека не успеа првичниот план, со самопрогласување на Гуаидо за претседател, во комбинација со брза дипломатска офанзива плус санкции да се колабира Мадуро и неговиот систем.

Хуманитарниот аспект на кризата станува сè подоминантен но тоа може не мора автоматски да значи слабеење на владата бидејќи таа е главниот канал за дистрибуција на секаков вид помош на населението.

Следната ферка ќе биде на 23 февруари кога во земјата треба да стигне голема пратка западна помош, во која е и дел од американските набавки во вредност од 20 милиони долари. Мадуро најави дека нема да го прими конвојот а Гуаидо ги повика генералите и полициските офицери да одбијат послушност и да дозволат помошта да стигне до оние на кои им треба. 

И на ниво на пропагандна војна, интензитетот на ривалствата останува на зависно ниво. Едните лиферуваат апокалиптични сценарија доколку Мадуро остане на власт и откриваат сигнали на паника во неговите редови, другите пуштаат вакви видеа (од викенд настап на Мадуро на еден музички фестивал) за да доловат дека мува не ги лази:

 

13 февруари 2019 - 11:47