Според приказната Робинс бил начуен од еден од гостите во барот, инаку новинар на Ај-ти-ви, како детално на маса ја објаснува стратегијата, која предвидува дека на пратениците во последен момент ќе им биде даден избор меѓу гласање за предлогот на Меј или да прифатат долго одложување на членот 50 (излегувањето од ЕУ).
Робинс образложил дека владата мора „во последната недела од март да ги натера пратениците да веруваат дека продолжување на рокот за преговарање за брегзит е возможно, но ако не гласаат за предлогот на Меј тогаш ќе има долго одложување“.
Тактиката наводно е насочена кон членовите на Европската истражувачка група, фракцијата тврдокорни брегзит пратеници на ториевците, чиј главен страв е дека напуштањето на ЕУ би можело целосно да биде откажано доколку остатокот од британските пратеници прифатат одложување или продолжување на процесот околу членот 50.
По сите правила брегзит би требало да стапи во сила на 29-ти март. Инаку термините продолжување и долго одложување, се уште не се ни приближно временски дефинирани.