Министерката Изабел Шарест повторува дека хиџабот „не е нешто што жена треба да го носи“.
„Кога религијата им наредува што треба да носат, тоа за мене е немање слобода, и тоа не е во согласност со моите вредности.
Ви кажав хиџаб не е скалден со моите вредности. Моите вредности се дека жена треба да биде слободна да го носи она што таа сака да го носи.“
Притоа Шарест нагласува дека таа ја почитува одлуката на некои жени кои сами решиле да носат хиџаб.
Шарест која претходно е учесничка на Олимпијада во категоријата брзо лизгање на мраз, во октомври годинава беше избрана на министерската позиција во 8-милионскиот Квебек.
Инаку Владата на Квебек наскоро планира воведување на закон кој им забранува на вработените во јавната администрација да истакнуваат религиозни симболи. Негодувањето на муслиманите е дека ова е насочено кон нив, и конкретно хиџабот, одговорот на властите е дека ова важи и ги опфаќа сите религии и религиозни симболи.