Хегсет е водител на едно од омилените тв шоуа на американскиот претседател Доналд Трамп „Фокс и пријателите“ кое дава широк простор на разни теории на заговор, главно во склад со наративите на актуелната постава на Белата куќа. За него се зборуваше и дека е личен фаворит на Трамп за прв човек на департментот за воени ветерани, бидејќи има служено во Ирак.
Но, последните негови исповеди на тема хигиена можеби малку и ќе го вознемират Трамп за кој се знае дека има фобија од бактерии.
Откако во емисија рече дека без никакво шубе јаде пица стара неколку дена која не била во фрижидер, Хегсет додаде дека веројатно една деценија нема измиено раце.
„Јас се вакцинирам. Бактериите не се реална работа, Не ги гледам, значи дека не постојат“, мртов ладен рекол водителот.
Подоцна на Твитер тврдеше дека се шалел и дека тој е само еден од оние старомодни луѓе со здрав разум на кои не им пречи да пијат вода од чешма или да возат велосипед без заштитна кацига.
Федералниот центар за превенција и контрола на болести го препорачува миењето раце како еден од најефикасните начини за ограничување на бактериските зарази. Според нивна проценка, едукацијата на луѓето на оваа тема би ги намалило случаите на дијареа и до 40%.