Зошто треба да пипнеш пред да го ставиш

Кога надвор е ѕивра а вие сте на бензиска за да наточите гориво, пожар е последното нешто во ви паѓа на памет. Но, токму тоа е време кога најчесто се случуваат бељи со оган.

Движењето и триењето кое се прави додека се излегува од автомобил создава статичен електрицитет. Ако така полни со него почнете да точите, тоа може да биде опасно.

„Се случува статичко празнење кога дел од вашето тело ќе дојде во допир со метален дел од пиштолот на пумпата и тој момент има потенцијал да предизвика искра. Колку и да е мала, таа е способна да ги запали испарувањата кои ги има околу цевката на пиштолот“, вели експерт од еден институт за петролејска опрема.

Последниве децении биле забележани 200 пожари на бензински пумпи кои се припишуваат на ваквиот момент а вистинската бројка веројатно е далеку поголема.

За среќа, постојат пар едноставни решенија за избегнување на компликации. Откако ќе излезете од автомобилот, доволно е да допрете било кој негов метален дел. Или пак допрете метален дел од самата кутија на пумпата пред да се фатите за пиштолот.

Овде 13 потенцијално опасни грешки кога се полни гориво.

12 февруари 2019 - 10:19