Ново истражување открива дека загадувањето не се врзува за некоја територија и дека тоа патува низ светот, посебно од Кина кон Калифорнија.
„Загадувањето навистина не познава граници. Тоа не исчезнува. Туку пак мора да заврши некаде,“ објаснува поранешната раководителка на американската агенција за животна средина, моментално вработена на Харвард, Џина Меккарти.
Ова е и дел од објаснувањето за количеството на смог што го има во Калифорнија.
Претходно, Ен-пи-ар објави дека научниците откриле дека азиското загадување на воздухот придонело за 65-процентен раст на загадување во озонот на Западот.
Сосема друга студија заклучува дека 29% од штетните честички во воздухот во и околу Сан Франциско доаѓаат од кинеските термоелектраните на јаглен.
Без разлика дали загадувањето е увозно или домородно потекло, и понатаму важи правилото дека тоа не останува во воздухот, туку е во нашите тела, “честичките преку воздухот и водата влегуваат во нашите бели дробови и храната“.
„Тие завршуваат во нашиот организам каде ги има во мерливи нивоа,“ порачува Меккарти.