Доменико Гриспино во радио интервју објавува дека се кандидира како дел од листата на Северната лига, нарекувајќи ги нејзините членови „пристојни луѓе“.
Ова е истата партија која незапирливо ја малтретираше Кјенге по расна основа и заради нејзиното кенијско потекло, а еден од членовите Северната лига доби 18-месечна условна казна затвор затоа што на митинг ја спореди Сесил со орангутан.
Во 2017 уште еден член и пратеник од Лигата е казнет со 50.000 евра затоа што изјави дека тогашната министерка „сака своите племенски традиции да ги донесе во Италија“ и дека „Африканците припаѓаат на етничка група која е многу поразлична од нашата“.
Во однос на своите нови политички истомисленици, Гриспино изјавува дека ја поддржува миграциската политика на партијата, како и постапките на Салвини.
Запрашан за тоа што мисли неговата сопруга околу кандидатурата, новиот пулен на Лигата порачува „јас размислувам сам за себе, секој размислува за себе. Никогаш не ги разговарам овие работи со жена ми“.
Во соопштение објавено на Твитер, Кјенге порача дека ја почитува слободата на нејзиниот сопруг да се „кандидира за позиција со кого и да посака и дека таа слобода е гарантирана од италијанскиот устав“.
Кјенге во изјавата дополнува дека уште пред неколку месеци има поднесено барање за развод, за кое наскоро треба да има рочиште.