Вести

Никој нејќе син да крсти Доналд

Да се крсти машко бебе Доналд не е многу популарно во моментов. Новите податоци од Администрацијата за социјални услуги покажуваат дека името го достигнало најниското ниво на популарност во историјата на САД. „Доналд“ денес се наоѓа на 690-тото место по популарност на машки имиња. Ама па може кај тие што чуваат магариња е поинаку.

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Речник

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Крајот на трансатлантизмот

Актуелната криза меѓу Европа и САД означува крај на една ера. Без оглед на тоа кој ќе го наследи Доналд Трамп, никој нема да дојде во Европа и да каже „Америка се врати!“. Врските изградени врз специфични глобални карактеристики се прекинати. Со трансатлантизмот е завршено како идеологија, но тоа не значи дека Европа и САД по бурниот развод не можат да останат пријатели.

Мета сака да отвори кладилница за своите 3 милијарди корисници

Газдата на Мета сака да се вклучи во бизнисот на пазари за предвидување што им донесе многу пари на Полимаркет и Калши. Платформата „Арена“ на Марк Закерберг би била одвоена од Фејсбук и Инстаграм, но би ги опфатила нивните 3 милијарди корисници. Во почетокот ќе може да се кладат со „дигитални жетони“, со план потоа системот да се префрли на вистински пари.

Податоците се новата нафта

Огромните информатички центри за складирање и обработка на податоци веќе се главниот двигател на глобалната економија. Во нив само во текот на оваа година биле вложени 580 милијарди долари, повеќе отколку за експлоатирањето нафта. Голем дел од парите се за обнова на енергетската инфраструктура, бидејќи центрите ќе цицаат струја како незаситни ламји.

Епстин го кодошел Трамп кај светски лидери

Сексуалниот злотвор Џефри Епстин имал глобална мрежа на контакти за политички влијанија, покажуваат илјадниците документи објавени од демократски конгресмени. На пример, на Кремљ му нудел детали за „разбирање“ на Трамп. Ќе забележат ли демократите дека со најновата афера за Трамп всушност го амнестираат од нивната претходна голема афера за наводната руска врска?

Германски банки ѝ затвораат сметки на АфД

Германски банки без никакво објаснување, повикувајќи се на „банкарска тајност“ ги затвораат сметките на Алтернатива за Германија, најголемата опозициска партија во земјата. Лидерите на АфД тврдат дека се жртви на финансиско оружје што се користи за политички отстрел на сите што се противат на нелегалната имиграција и се борат за одбрана на традиционалните вредности.

САД имаат дебела причина да не даваат визи

Татковината на една од најдебелите нации во светот планира да не им дава визи на дебели странци. Некој во Вашингтон заклучил дека нивните дебели веќе го преоптовариле здравствениот систем, па уште странци им требаат. Заострен е критериумот за апликанти за визи со разни други болести, а пензионерите ќе мора да докажат дека самите ќе можат да се издржуваат.

Полиглотите имаат помлад мозок

Учењето странски јазици помага за спречување на когинитивниот пад, го освежува мозокот и го намалува ризикот од развој на деменција, покажува нова студија спроведена врз повеќе од 80.000 луѓе. Луѓето што зборуваат други јазици покрај мајчиниот имаат двојно помал ризик да покажат знаци на забрзано биолошко стареење. Ефектот се засилува со секој научен јазик.

Брисел се откажува од заштитата на приватноста на податоците

Европската комисија тајно спроведува темелна реформа на својата регулатива за заштита на податоци, загрозувајќи го фундаменталното право на приватност на граѓаните. Ја укинува заштитата на корисниците со псевдоними, дозволува користење чувствителни информации за хранење на ВИ и овозможува пристап до податоци од телефони без согласност од корисниците.

Од „слуга на народот“ до воен профитер

Близок соработник на Зеленски е обвинет дека управувал со корупциска шема со која на енергетскиот систем му направила штета од 100 милиони долари во време на војна, кога Украина нема струја. Истрагата ја спроведоа антикорупциските агенции што Зеленски во јули настојуваше да ги стави под своја контрола, но се откажа по масовните протести низ земјата.

Истрага за странските „викенд-снајперисти“ во опколено Сараево

Обвинителите во Милано отворија истрага за богати Италијанци кои плаќале големи суми пари за да учествуваат во масакрот на жителите на опколено Сараево за време на војната. Војската на босанските Срби ги распоредувала „снајперските туристи“ на ридовите околу градот и им давала оружје за да пукаат во сараевчани. Немале политички мотиви. Убивале од задоволство.

Украинската саботажа ја распарчи Европа

Германски истражители по темелна истрага обезбедиле цврсти докази кој стои зад разнесувањето на цевководите Северен тек на дното на Балтичко Море - елитна украинска воена единица под директен надзор на поранешниот врховен командант, генералот Залужни. Судската разврска може да ги разгори политичките тензии во Берлин и да ја ослаби европската поддршка за Киев.

ВИ може да „воскреснува“ покојници

Максимата на Лаки Топаловиќ „Сè може да пропадне, само смртта е сигурен бизнис“, е мотивот и на новата технологија на „дигитално воскреснување“ на покојници, ако ужалените се спремни да платат за средби со блиските што ги изгубиле. Од снимки и пораки ВИ создава аватар што по изразувањето и бојата на гласот ќе звучи исто како покојникот додека бил жив.

Вакцината итно, а ковидот бавно удира на срцето

Вакцината на Фајзер против ковид брзо и интензивно го зголемува ризикот од срцеви проблеми кај деца веднаш по имунизацијата. Но, ако вакцинираните деца ја издржат првата недела без проблеми, тие по неколку месеци имаат помал ризик за воспаление на срцето отколку нивните врсници што биле заразени од ковид, покажува досега најобемното истражување за овој проблем.

ЕУ формира своја ЦИА

Откако неспремна навлезе во нова Студена војна, ЕУ планира да формира сопствена централна разузнавачка агенција. Но, малку е веројатно дека сомничавите Французи или Германци ќе се согласат да споделуваат шпиони и чувствителни информации со Центарот во Брисел, кој би бил под директно раководство на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Ал каеда во Овалната соба

Абу Мохамад ал Џулани беше командант од Ал каеда, која ги спроведе терористичките напади врз САД на 11 септември. Истиот тој, иако со друго име и стокмен во костум, вчера со почести беше примен во Овалната соба и вети дека ќе им биде сојузник на САД во борбата против тероризмот. Оваа трансформација мора да има своја цена.

Крај за монетарната приватност во ЕУ?

Европската Унија ја спроведува најсеопфатната реконструкција на својот монетарен систем од воведувањето на еврото во 1999 година. Целта е борба против перењето пари од 700 милијарди евра годишно. Забраната за плаќања над 10.000 евра во кеш, идентификацијата при трансфери со криптовалути и дигиталното евро може да ја елиминираат финансиската приватност.

Само 14% од ПЦР-позитивните биле вистински инфекции

Дури 86% од позитивните случаи потврдени со PCR тестирање во раниот период од пандемијата всушност не биле инфекции со САРС-КоВ-2, покажува нова германска студија. Тоа значи дека поголемиот процент од населението не било болно, а податоците од тестирањата биле користени за оправдување на карантинот, создавање страв и спроведување задолжителна вакцинација.

ББЦ ќе учи да биде непристрасна

Оставките на директорот и главната уредничка се првиот чекор на ББЦ во тешкиот процес повторно да ја освои довербата од јавноста, која ја изгуби со долгогодишното пристрасно известување и криење на одговорноста. Најави ревизии на своите политики на ширење лаги за климатските промени и за војната во Газа. Инаку, зошто некој би плаќал лиценца од 180 фунти?

Санчез: Европа не смее да биде вооружена до заби

Шпанскиот премиер Педро Санчез цврсто ја брани својата одлука да се спротивстави на зголемувањето на трошоците за одбрана 5% од БДП, како што американскиот претседател Доналд Трамп побара од сите членки на НАТО. Санчез е убеден дека иднината на Европа не треба да се базира на милитаризација, туку на единство и почитување на меѓународното право.

САД ја престигнаа Кина со инвестиции во Африка

Во битката за пристап до ретки минерали за новите технологии, САД тивко ја престигнаа Кина како најголем странски директен инвеститор во Африка, првпат по повеќе од една деценија. САД во 2023 година вложиле 7,8 милијарди долари низ Африка, а Кина 4 милијарди. Конкуренцијата се зголемува. За африканското богатство се заинтересирани и Бразил, Индија и Јапонија.

Вештачката интелигенција е новата работничка класа

Индустријата на вештачка интелигенција не може да оствари профит освен ако не ги укине работните места за луѓето, предупредува човекот што е најзаслужен за создавањето на ВИ. Инвеститорите што вложуваат вртоглави суми во развојот на технологијата не го прават тоа за доброто на човештвото, туку очекуваат оплодување на парите. 

Чипови во шприц сами наоѓаат пат до мозокот

Научници од МИТ создадоа микроскопски чипови кои можат да се инјектираат во крвотокот и сами да го најдат патот до мозокот. Обложени се со живи клетки за да го измамат имунитетот. Се врзуваат за мозочното ткиво без хируршки рез и можат да се активираат безжично да стимулираат неврони, заради третман на тумори, Алцхајмерова болест или мултиплекс склероза.

И Израел има свои тунели за заробеници

Слично на нехуманите услови во кои Хамас ги чуваше грабнатите Израелци, и Израел држи десетици Палестинци од Газа изолирани во подземен затвор каде што никогаш не гледаат дневна светлина, лишени се од медицинска нега и здрава храна и не добиваат вести за своите семејства или за надворешниот свет, тврдат адвокати на двајца притворени цивили. 

Европското технолошко чудо Естонија

Поранешната советска република Естонија технолошки престигна многу од нејзините партнери во новото европско семејство. Ја демонтираше гломазната бирократска структура, целосно ја префрли онлајн и ја направи поштедлива за буџетот и поефикасна за граѓаните. Естонија денес е дом на стартапи, луѓето гласаат од мобилен телефон, а учениците се охрабрени да користат ВИ. 

Кина на ториумски погон

Кина успеа да создаде ураниум од ториум, како алтернативно гориво за нуклеарни реактори од идната генерација. Во споредба со класичните нуклеарни централи, на ториумските не им треба вода за ладење, може да бидат помали и подалеку од море или река, и не се голем ризик за околината. И најважно од се, Кина има резерви од ториум за да прави струја 20.000 години.

Кенеди бара глобална забрана за жива во вакцини

Американскиот министерот за здравство, Роберт Ф. Кенеди Јуниор ги повика светските здравствени тела итно да ја отстранат живата како додаток во вакцините. Живата е опасна и поради тоа веќе е забрането нејзиното користење во светилки, во шминки и во лекови, но се уште во многу земји е дозволено да се вшприцува во бебиња и бремени жени.