Вести

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Речник

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Студија на Европските зелени откри „вечни хемикалии“ (PFAS) и нивни разградни продукти (TFA) во крвта на сите 110 тестирани волонтери од 9 држави. Притоа Хрватска отскокнува со алармантни 60% од испитаниците со зголемени вредности. Овие соединенија доаѓаат преку пестицидите и водата и влијаат на тироидната жлезда, имунитетот, плодноста и развојот на рана возраст. 

САД и Кина се бркаат во матното на Бахамите

Америка: Дај и други нека почнат да даваат пари и да помагаат по свет. Исто така Америка: Па мора ли баш Кина?

Забен гел за „ораси да крца“

Кинески научници создале гел со помош на кој забите сами се обновуваат. Направен е од природните градива на забната глеѓ и го поттикнува забот самиот да се пополни без да му треба пломба. Засега резултатите се доста тенки но битно, системот функционира. 

Вегетаријанство, здраво, ама и не

Нова студија околу безмеснатиот начин на живот дава мешани резултати: дека помага во намалување на срцевите заболувања, ама ја зголемува опасноста од мозочен удар, па ти бирај дал си слаб на срце или на мозок.

И на Епл му се мили туѓи пари

Што прави Епл со залихата од над 200 милијарди долари во кеш? Ништо, позајмува нови 7 милијарди долари.

Во вселената ќе бидат лансирани клетки од рак

После само еден ден минати на нулта гравитација, преку 80% од клетките на рак биле умрени, утврдиле австралијански научници чии резултати потврдуваат едни претходни експерименти на нивни германски колеги.

Кога Монблан ќе качувате, со машини за веслање да не фрлате

Збеснат од секакви лудаци што се качуваат на Монблан, градоначалник на гратче на француските Алпи побара помош од Макрон во регулирање кој сè може да го искачува врвот. Сето ова многу им врска со еден Британец кој викендов нагоре качи машина за веслање, и ја остави.

Кога кафаната е крива што гостите не држат

Австралиски локални власти, јавност, надлежни организации и агенции извршија „десант“ на една сиднејска кафана затоа што послужила 86 пијачки, на 5 гости, за 6 часа. П.С. ова воопшто не го гледајте како предизвик, затоа што не е.

Самотничката трагедија на Тифани Трамп

Тешко е човек да сожалува кој било Трамп - освен четвртото дете на Доналд, за него треба да се направи исклучок.

„Фет-шејминг“ е неопходен, ама на компании, не на луѓе

Ако има нешто корисно што дебел човек може да извади од целата култура на „други ни се криви за нашите проблеми“ тоа е дека можат да си дадат оддишка, бидејќи стварно им се падна тежок противник - индустријата за храна и лагите што ги шири.

Веган, некст левел

Самонаметнатата гастрономска мизерија една веганка решава да ја рашири и на својот комшилук, барајќи од нив под итно да престанат со правење скара во двор.

Цела Франција небањати

Знаме на Франција и ЕУ до зборовите од француската химна од 1-ви септември се задолжителни за секоја училница низ земјата. Ако едно нешто знаеме тоа е дека со ваков национализам Франција нека не се надева дека во скоро време ќе види НАТО или ЕУ.

Како животот стана бескрен и ужасен натпревар

Меритократијата е концепт кон кој ние уште немаме тргнато (заради партии, непотизам и другите овдешни богови) а некаде тој веќе на големо ги покажува и своите грди страни.

Бројот на заинтересирани за упаѓање во Ареа 51 порасна на 2 милиона луѓе

Нормално дека никогаш, никаде нема да се појават 2 милиона луѓе во исто време, ама барем и 1% од нив (20.000 луѓе) да се натопорат пред портите на Ареа 51 ќе биде доволно за спектаткл.

Ако сакаш да завршиш работа, прави пауза

Машините се смислени со единствена цел да работат 24 часа, па и покрај тоа знаат да крахираат. Ти не си смислен да работиш 24 часа.

Радарот за кој плачат улиците во Скопје

Во Париз се тестира радар за бука од сообраќај, кој ќе може да идентификува кое возило е претерано бучно и да го казни. Во име на луѓето што живеат покрај „Иво Лола Рибар“ дајте да почнеме да го тестираме барем на мотори после полноќ, пред да почнете да гледате барикади на улица.

Салвини се журкал на плажа додека му спремаа пуч во Рим

Амбицијата на Салвини својата позиција на министер за внатрешни и заменик премиер да ја апгрејдува во премиер на Италија заврши (за сега) неславно, откако неговиот коалиционрн партнер му сврте грб и најде друг да му го пополни парламентарното мнозинство.

Њујорк тајмс полн со болви

Без никакви метафори, на секој спрат во редакцијата на Њујорк тајмс се откриени трагови од болви.

Дали спора правда на крај е правда?

Алвин Кенард од Алабама има 22 години кога во 1983-та влегува во затвор. Годинава, 36 години подоцна, тој е пуштен на слобода. Зошто одлежува 36 години? За кражба во пекара од 50 долари и 75 центи. Ај сега пак насловот.

Шпанци по грешка направија „вукодлак бебиња“

Ништо митолошко и натприродно, само чисто аптекари дилетанти кои наместо капки против киселини на 17 деца и бебиња им даваат силно средство против косопад.

Со пластика нема излегување на крај, и треба да се помириме со тоа

Јас се откажувам, а веројатно треба и вие, е пораката од велшки активист кој повеќе од 4 години ги организира локалците и сам учествува во расчистување пластика од тамошни брегови.

Цел Амазон да го изгориме, на кислородот нема да му фали ништо

Не, Амазон не се белите дробови на оваа планета, како што бомбастично порача францускиот претседател Емануел Макрон а потоа таа застрашувачка порака се повтори безброј пати во медиумите и социјалните мрежи. Не Амазон, сите растенија на светов да ги спржиме до последната тревка, утредента ќе имаме проблем да најдеме храна но не и да земеме здив.

ММФ им штети на државите на кои треба да им помага

Кога човек размислува за штетата што богатите држави - главно предводени од САД и неговите сојузници - ја предизвикуваат на луѓето во остатокот од светот, тие веројатно мислат на војни. Е па, треба да мислат и на ММФ.

Индонезија ја сели престолнината затоа што старата им тоне

Владата на Идонезија практично дигна раце од Џакарта и реши сите свои служби и институции да ги пресели на еден помалку населен остров на Борнео. Ќе кошта многу ама барем ќе бидат на суво.

Дрвен Трамп никна во Словенија

Американскиот претседател деновиве по иницијатива на локалците доби споменик во Словенија, кој повеќе е од типот „важно е чест да направиме“.