Радарот за кој плачат улиците во Скопје

Во Париз се тестира радар за бука од сообраќај, кој ќе може да идентификува кое возило е претерано бучно и да го казни. Во име на луѓето што живеат покрај „Иво Лола Рибар“ дајте да почнеме да го тестираме барем на мотори после полноќ, пред да почнете да гледате барикади на улица.

Системот користи четири микрофони што го триангулираат потеклото на звукот, и се поврзани со камера која ја насочуваат кон галамџијата за да го сними и да му ја идентификува регистрацијата.

За сега има 40 вакви уреди, главно поставени во деловите на Париз кои се центри на ноќниот живот во градот. Радарите за галама се пуштени на 2-годишен тест период и во тоа време нема никој да биде казнет, туку ќе треба да се провери технологијата и да се утврди која е височината на галама што треба да биде казнета.

Паралелно со ова на гласање е ставен и предлог закон со кој локалните власти ќе можат „да експериментираат со казни за радарите за галама“.

 

2 септември 2019 - 11:46