Градоначалникот на Сан Жерве ле Бан, веќе подолго време се обидува да го привлече вниманието на јавноста и државните власти за претераната гужва што се случува во неговиот регион.
Неговиот гнев прекипе откако викендов Британец имаше сила да качи до 4.362 метра, но не и да симне, цела фитнес машина за вежбање, па едноставно ја оставил таму.
Од другите случки викендов, германски турист предупреден од полицијата дека не смее да се качува со куче, сепак врвот го искачил со своето милениче. Градоначалникот на Твитер подоцна објави фотки дека кучето го преживеало качувањето, ама се вратило со раскрварени шепи, што е една од причините зошто е забрането куче да го искачува Монблан.
Во јуни, двајца Швајцарци слетаа со мал авион на 400 метри под врвот и тргнаа да го искачуваат. На сред пат тие беа вратени од полицијата, која можеше да ги казни само за недозволено паркирање.
Од почетокот на сезонава најмалку тројца планинари загинаа качувајќи го Монблан.