Дебелите, а и оние другите, се под постојана, легална, кампања за дезинформирање околу вистинските нивоа на масти (соли, шеќери и слично) во храната во супермаркетите, нешто за што треба да одговараат производителите, а не дебелите.
„Во меѓувреме, во сите супермаркети, чоколадите се обележани како да јадеш само една или две коцки од нив. Кај бисквитите се смета дека педантно ќе изедеш една или две, па ќе го затвориш пакувањето и ќе го вратиш во шкаф. Кои им се овие потрошувачи? Секако не просечниот прекумерно тежок Британец.
Акција за сол се фокусира на штетните ефекти на солта а не на заситените масти, меѓутоа се согласува дека големината на порцијата што ја користат продавачите и производителите за да пресметаат масти и соли на производот е ’нереалистична’ и ’лажна’. Производителите треба или да продаваат производ што одговара на големината препорачана на нивното пакување, или да ја направат порцијата пореална и тоа да содејствува на шарените предупредувања...
... Можеби производите што надминуваат 100% од дневната количина на сол и масти треба да бидат во безлично пакување, како цигарите. И на крај, пораката е дека големи количини обработена храна едноставно не е добра за нас,“ пишува Патрик Колинсон во текстот за Гардијан.