Заклучокот им е од анализирање на 48.000 возрасни, кои претходно се согласиле да бидат дел од студија што трае од 1993 до 2001, и кои немаат какво било минато на срцев напад, мозочен удар или ангина. Меѓу останатите поделби, учесниците се класификувани и на месојади, вегетаријанци, вегани и пескетаријанци.
Некои од овие прашања повторно се поставени и во 2010, па ако некој сменил е ставен во друга група. До март 2016, во групата имало 2.820 случаи на коронарни заболувања и 1.072 мозочни удари.
Резултатите се дека рибојадите имаат 13% помал ризик од срцеви заболувања од месојадите, додека кај вегетаријанците ризикот бил помал за 22%. Во исто време вегетаријанците имале 20% повисок ризик од мозочен удар отколку месојадите. Кај рибојадите немало очигледна промена по оваа основа.
„Севкупно, заклучоците се дека во период од 10 години, на 1000 луѓе ќе има 10 помалку случаи на срцеви заболувања кај вегетаријанците отколку кај месојадите, меѓутоа тие ќе имаат 3 случаи повеќе на мозочен удар,“ пишува Никола Дејвис во Гардијан.
Иако студијата не го докажува ова, сомнежот е дека разликата ја прави холестеролот, чие ниско ниво на вегетаријанците им помага околу срцевите заболувања, ама им одмага околу мозочниот удар, бидејќи ниското ниво се поврзува со недостаток на одредени хранливи состојки, како Б12. Друга логика е дека вегетаријанците, како луѓе што се хранат поздраво е помалку веројатно да земаат лекови за снижување на крвен притисок.