„Драги колеги, за време на прскањето против бубачки во редакцијата, откривме траги од болви во велнес собата на вториот кат, на каучот на третиот кат и на уште едно место на четвртиот кат.
Овие позиции потоа беа исчистени од професионалци. Како претерана мерка на претпазливост, просторијата на вториот кат привремено е затворена, делот од четвртиот кат е блокиран, а каучот е отстранет и однесен на професионално чистење.
Плус, траги од можна активност на болви се најдени во неколку лични ормари на третиот кат. Поединците на кои им припаѓаат овие ормари се контактирани и преземени се мерки за нивно чистење,“ стои во меморандумот испратен до вработените.
На вториот, третиот и четвртиот кат од зградата освен неодамна откриените легии болви, е сместена и комплетната редакција на Тајмс.
По ова еден конзервативен колумнист на Тајмс реши да го изгаси својот Твитер, откако на социјалната мрежа го обвинија дека тој бил „болвата“ на Њујорк тајмс, по што етикетата стихијно се рашири.