Се наоѓа во Села при Камнику, на околу триесетина километри од Љубљана, и според првите впечатоци, многу е веројатно дека Трамп нема да го бендиса делото. Целото дело е склопено од даски, а Трамп е претставен во сино одело, црвена вратоврска, со крената рака и налутен поглед.
Авторот во интервју за локалната Канал А телевизија, е на два памета меѓу тоа дали позата на Трамп на споменикот е Супермен или Статуата на слободата.
Статуата наводно гледа во правец на Севница, родното место на Меланија Кнавс, сега Трамп. Летово во близина на Севница беше изработен споменик од дрво на нивната некогашна сограѓанка.
Инаку, рејтингот на Трамп во Словенија е така-така, а сите симпатии таму ги има само по основа на потеклото на неговата сопруга.