"Нема шанса да развиеме едно единствено оружје кое ќе го убива ракот бидејќи сечиј канцер е различен и луѓето реагираат различно на третманите. Но, она што сакаме да го дознаеме е дали постои нешто што на сите тие ракови им е заедничко“, вели био-медицинскиот инжинер од Сиднеј, Џошуа Чо објаснувајќи ја идејата да ги става смртоносните клетки во уред со гравитација близу нулата.
Претходно Чо има истражувано како да не се губи коскена материја во вселената а со канцерот почнал да се занимава откако видел колку многу луѓе околу него почнуваат да оболуваат од тоа.
Тој и неговите соработници земале клетки на рак од четири различни делови на телото (гради, матка, бели дробови и нос) и ги ставиле во микро-гравитациски услови. 24 часа подоцна, меѓу 80 и 90% од клетките биле умрени. Слични тестови и слични резултати добија германски научници кога пред две години експериментираа со клетки на рак на тироидна жлезда.
Затоа, следната година, пакет канцер клетки, заедно со асистент на Чо ќе заминат на Меѓународната вселенска станица.
Здравите клетки и нивните кластери имаат вградена команда за самоубиство која осигурува дека оштетената клетка ќе умре. Во клетките на туморите оваа команда не постои и заболената клетка не умира туку продолжува да живее и да се множи заради што доаѓа до метастазирање на болеста.