Се надевам дека Тифани Трамп има добар психолог. Никогаш не верував дека ќе имам сочувство за некој Трамп, ама четвртото дете на претседателот имаше ужасни неколку денови.
Во четвртокот, личната асистентка на Претседателот Трамп, Маделин Вестерхут, изненадно беше сменета од нејзината позиција заради обвинувањата дека на репортерите им се доверила дека претседателот не сака да се слика со Тифани затоа што мисли дека е дебела. Вестерхут наводно и надополни ла со шега, дека Трамп би ја згрешил Тифани ако треба да ја избере од толпа луѓе.
Ова се гласини што болат - но, според Трамп, било па поминало. Во саботата тој на Твитер напиша дека и простува на Вестерхут, дополнувајќи дека ја сака Тифани.
25-годишната девојка пак на целата драма одговори на најмиленијалски можен начин - постирајќи цитат од Руми, персискиот поет, на Инстаграм стори:
„Study me as much as you like, you will never know me. For I differ a hundred ways from what you see me to be … I have chosen to dwell in a place you can’t see.“
Тифани инаку, обично времето го минува на Правниот факултет на Универзитетот Џорџтаун. Иако може никогаш нема длабоко да ја запознаеме, за сега знаеме дека ги има минато сите вообичаени активности за славно дете како манекенство и пеење. Во 2011 таа го објавува синглот „Like a bird“ кој е изненадувачки певлив.
Текстот меѓу другото вклучува:
“Feel like I spot a bug crawlin’ through the liquid love / You kill and you tweeted me, baby you go beep-beep-beep / I just want serenity / While living it up.”
И мислам, дека тоа е сè што треба да знаеме за Тифани. Се надевам дека кој и да ги објави наводните коментари на Вестерхут има задоцнета грижа на совест. Точно е дека Тифани учествуваше во кампањата на татко и во 2016, па не е лик со кој целосно можеш да сочувствуваш. Сепак, таа не зазема место во јавноста како нејзините постари браќа и сестра и не се очекува дека ќе се приклучи кон кампањата 2020. Ако кој било Трамп заслужува малку спокој, тоа е Тифани.