На детулињата почнале да им растат влакна по целото тело, па по неколку пријавени случаи властите започнале истрага. Заклучокот бил дека наместо лекот против киселини, на децата им бил ставено средство кое се користи како третман против косопад.
Шпанската министерка објави дека откриле цела лоша пратка од лабораторија која погрешно ги обележала своите производи.
Станува збор за ретко нарушување, хипертрихозис, кое предизвикува абнормален раст на влакна. Од министерството тврдат дека децата ќе се вратат на старата состојба некое време откако ќе престанат со земање на лекот.
За сега не е јасно како дошло до забуната во лабораторијата на FarmaQuimica Sur. Целата пратка е повлечена од пазарот, а лабораторијата е затворена.