Вести

Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез

Социјалистичкиот премиер на Шпанија заслужи глобални аплаузи кога му одеше контра на Трамп и ја осуди војната со Иран. Но, дома му избега тлото под нозете. Во нокдаун го однесоа корупциски скандали на негови најблиски луѓе (жена му, брат му...) а ги запрепасти Шпанците кога легализираше половина милион илегалци. Подоцна десантот врз шпанската енклава Сеута покажа дека погрешно е да се романтизира таа тема. 

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Речник

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Во Јапонија се очекуваше експлозија на коронавирус. Зошто не се случи?

Јапонија е една од првите држави вон Кина во која се прошири коронавирусот. Моментално соседот на Кина е една од најмалку погодените држави во светот. Ваквиот статус е и покрај тоа што Јапонија не наметна ниту карантин како Кина, ниту изолација како Европа или САД.

Професор Јоанидис има да ни каже нешто

Сериозен американски професор ги става под прашање актуелните драконски мерки за глобално заклучување на државите. Не затоа што знае дека тие мерки нема да успеат туку затоа што знае како се донесени - без минимум потребни податоци и факти. „Можеби сме слон кој е нападнат од домашна мачка па за да ја избегне, решава да скокне во провалија“, вели Џон Јоанидис од Стенфорд.

Европската централна банка со пакет за спас од 750 милијарди евра

Парите ќе биде искористени за откупување на долгот на државите и компаниите од еврозоната, вклучувајќи ги и проблематичните Грција и Италија. При објавувањето Кристин Лагард на Твитер напиша дека „нема граници“ за посветеноста на ЕЦБ во поддршка на еврото. Ова „нема граници“ беше посебно благопријатно дочекано од европските берзи.

Како Диор за еден викенд ја претвори фабриката за парфеми во фабрика за гел за дезинфекција

Француската влада во петокот побара од компаниите да помогнат во надополнување на недостатокот на гелови за дезинфекција неопходни за тамошните доктори и медицински персонал. 72 часа подоцна фабриката за парфеми на Диор е пренаменета и го произведува првото шише средство за дезинфицирање.

Носење маски, културолошки разлики

Кај нас некои носат маска, некои не. Можеби затоа што сме некаде на средина од двете крајности: Азија каде што сите носат маски и Америка каде што никој не носи.

Американци почнаа да се редат пред продавници за оружје

За нас останува мистерија зошто во овие корона времиња јагмата е најголема баш по тоалетна хартија, односно зошто на луѓе побитен им е газот отколку, да речеме, устата. Тоа е особено видливо во САД (еј, во какви времиња живееме - Холивуд да кубури со гз папир!) и пошто во стампедата по хартија некои играат нефер, редици купувачи почнале да се прават и пред - продавници за оружје. Па да видиме кој е фер.

Ќе го погоди ли берзата вистинскиот лек?

На вакцина за коронавирус и медикаменти кои би им помогнале на заболените се работи на неколку фронтови и трката е во полн ек. Некои решенија се во предност бидејќи веќе влегуваат во фаза на тестирање и немаат проблем со доброволци а адутот на други е што берзата верува во нив.  

Злосторството на помагање болница сред пандемија

За да помогне во спасување на пациенти заразени со ковид-19 кои лежат во локалните болници Италијанец со ЗД печатење за околу 1 евро создава вентил за медицинска машина што производителот го продава за 10.000 евра. Во знак на благодарност веднаш добива тужба од производителот на опремата (и делот).

Италија интервентно активираше 10.000 нови доктори

Околу 10.000 италијански студенти по медицина по скратена постапка ќе бидат прогласени за доктори и пуштени во оптек во здравствениот систем на земјата како дел од обидите за справување со вирусот од кој до сега починаа над 2.500 лица.

„Happy Hour“ за пазарење на пензионери

Еден американски ланец дуќани за храна воведе интересна идеја: во дел од денот нивните продавници се достапни исклучиво за возрасни лица.

Војска, затвореници и студенти, ќе произведуваат заштитни маски за Русија

Овие три групи од своите стандардни задачи ќе бидат прераспределени на производни линии за медицински заштитни маски и останата заштитна опрема што е неопходна за Русија во периодов.

Зошто баш сапунот врши толку работа против ковид-19?

Пали Тордарсон е професор по хемија на австралискиот Универзитет на Нов Јужен Велс кој во една реденка од речиси 40 твитови се обидува научно човечки да објасни сè што знае на тема сапун, и зошто тој е толку успешен во заштита од ковид-19. Спојлер: професорот неспоредливо повеќе е наклонет кон сапун во неговата оригинална тврда агрегатна состојба, а не течна.

Германија прејде на „високо“ ниво на закана од коронавирусот

Заради значително и рапидно зголемен број на нови заразени со ковид-19, германскиот центар за контрола на болести го зголеми нивото на ризик од ширење на коронавирус во земјата од „умерен“ на „висок“, а во одредени делови и на „многу висок“.

Околу носењето маски и останати факти за ковид-19

Маските за лице се корисни, ама има кога и како се корисни, и се заштита, ама не целосна, плус може да направат и поголем проблем.

Норвешка воведе казна за напуштање на домот, и казна за одење во викендица

Последните мерки на норвешките власти (што ги соопштија он-лајн на дигитална прес-конференција), вклучуваат забрана за патување во Шведска и Финска, и 2000 долари казна за секој што ќе ги прекрши правилата за домашен карантин.

Британија, затната

Додека Западот изгледа како да колабира со секоја купена ролна тоалет хартија, Британија ги алармира своите граѓани дека замените за тоалет хартија што ги користат ќе ја оптоварат канализацијата на островот.

Колку живее ковид-19 на различни површини?

Научници ангажирани од американската влада сработија студија за тоа кој материјал, од најчестите што ги има по дома и во канцеларија, колку време е гостољубив кон новиот вирус. Резултатите се: во воздух најкратко (од испитаните), на росфрај најдолго (од испитаните).

Ментално здравје сред ковид-19

Константното зуење за коронавирус, ковид-19, број на заразени, број на само-изолирани, починати, отворени/затворени граници, масовно правење залихи, одложено што сè не, мерки за заштита итн. многу подло и незабележливо почна да удира и на психичкото здравје.

Битка за вакцината: Америка, убер алес

„Германија не е за продажба!“ му порачa на Вашингтон еден германски министер среде обидите на Трамп да издејствува Германците да направат вакцина за новиот коронавирус, ама тоа да биде ексклузивно за САД.

По битката со ковид-19, Италија ја чека буџетскиот вирус од 2400 милијарди долари

Уште пред Кина да го пријави првиот случај на новиот коронавирус, Италија имаше еден од најклимавите финансиски системи во ЕУ со долг од 2400 милијарди долари. По 2 месеца истоштувачка борба со вирусот, работите барем кај финансиите се уште полоши.

Корона дневникот на Доналд Трамп

Конзистентноста е последната работа на која мисли портокаловиот андроид кој управува со САД. Временски редослед на изјавите на Трамп за ковид-19.

Како функционира сапунот?

На молекуларно ниво, сапунот ги разбива нештата. На оштествено ниво, тој помага нештата да се одржат заедно.

ЕУ ѝ врти грб на Италија кога најмногу ѝ треба

НАТО и ЕУ беа создадени со сознание дека ниедна земја не може да преживее без блиски и искрени сојузници. Седумдесет години подоцна, кога Италија побара од своите сојузници медицинска помош и асистенција, овие свртеа глава, а дупката ја пополнува Кина, пишува Елизабет Броу во Форин Полиси.

Првиот човек на СЗО: Брзина, а не перфекција

Извршниот директор на Светската здравствена организација, Мајкл Рајан, на сите оние кои се носители на одлуки и треба да ја менаџираат кризата со коронавирусот им пренесува битна лекција која ја научил од случаите со ебола.