Британија, затната

Додека Западот изгледа како да колабира со секоја купена ролна тоалет хартија, Британија ги алармира своите граѓани дека замените за тоалет хартија што ги користат ќе ја оптоварат канализацијата на островот.

Паниката околу ковид-19 предизвика недостаток на тоалет хартија во маркетите во Британија, по што народ почна масовно да купува хартија за раце и влажни марамчиња, па сега тие завршуваат во ВЦ шолјите, како што не треба, и почнуваат да ги затнуваат канализациите.

Најголемото британско претпријатие за обработка на отпадни води веќе објави предупредување корисниците да не ги „хранат“ тнр фатбергс („глечери“ од масти, влажни марамици и слично, кои се формираат во канализацијата и го блокираат протокот) со хартија за раце и влажни марамици.

Освен недостатокот на тоалет хартија, во Британија веќе се забележува и недостаток на хартија за раце, и индустриски ролни хартија која се користи за бришење во механичарски работилници или гаражи, како и други производи за бришење.

Гардијан во меѓувреме откри и повеќе случаи на корона-профитерство, меѓу кои и еден непознат продавач што на Ибеј нуди пакување од 72 ролни тоалет хартија по цена од 85 фунти, што е три пати поскапо од редовната цена. Истиот продавач нудел и производи за чистење и антибактериски марамици по идентично поскапа цена.

Во меѓувреме британските производители се обидуваат да ги смират купувачите и да не прават залихи од тоалет хартија:

16 март 2020 - 17:53