22 јануари: „Имаме целосна контрола. Се работи за едно лице дојдено од Кина. Сè ќе биде добро“.
2 февруари: „Прилично ги затвораме можностите да ни дојде од Кина“.
24 февруари: „Коронавирусот во САД е под контрола.... берзата почнува да ми личи многу добро!“
25 февруари: „Центарот за заразни болести и мојата администрација се ОДЛИЧНИ во справување со коронавирусот“.
25 февруари: „Мислам дека е тоа проблем кој ќе го снема... Го имаат проучувано. Знаат многу. Всушност, многу блиску сме до вакцина“.
26 февруари: „15-те случаи кои ги имаме во САД, за неколку дена ќе бидат спуштени на нула“.
26 февруари: „Значајно ја спуштаме бројката, не ја зголемуваме“.
27 февруари: „Еден ден, како чудо, тоа ќе го снема“.
28 февруари: „Нарачуваме многу набавки. Нарачуваме многу, хмм, елементи кои, искрено, не би ги нарачувале ако не се случуваше вакво нешто. Но, нарачуваме многу различни елементи на медицинска помош“.
2 март: „Ако земете солидна вакцина за грип, мислите таа ќе нема ефект на короната?“
2 март: „Многу работи се случуваат, многу возбудливи работи се случуваат и се случуваат многу брзо“.
4 март: „Ако имаме илјадници или стотици илјади луѓе на кои им е подобро, ете онака, или пак одат на работа - некои од нив работат ама им е подобро“.
5 март: „НИКОГАШ не сум рекол дека луѓето кои се чувствуваат болни треба да одат на работа“.
6 март: „Секому кому му треба тест, добива тест. Тука се тестовите. И прекрасни се тестовите“.
6 март: „Стварно ја разбирам оваа работа. Луѓе се изненадени дека ја разбирам. Секој од тие докторите ми вика: „Како знаете толку многу за ова?“ Можеби е природна способност. Можеби требаше да се занимавам со ова наместо да станувам претседател“.
8 март: „Перфектно сме координирани и усогласени во Белата куѓа за тоа како да го нападнеме коронавирусот“.
9 март: „Ова го заслепи светот“.
13 март: „Вонредна состојба“.