Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Убиец број 2 во Македонија

5 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • После болестите на циркулаторниот систем, кај нас малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт.
  • Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100.000 население во 2010 година до 217.000 во 2024 година, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
  • Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години била повисока кај машката поулација. И во возрасната група 0-64 години, морталитетот бил повисок кај мажите во однос на жените.
  • Мажите највеќе страдаат од рак на бели дробови а жените од рак на дојка.
извор

На Србија ѝ се гласа

25 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Излезноста на парламентарните избори во Србија во часовите по отворањето на избирачките места е двојно поголема од онаа на претходните избори во 2003 година. За гласање се прават километарски колони.
  • За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се малцински. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони избирачи.
  • Главната битка е меѓу владеачката Српска народна странка чија листа ја предводи Александар Вучиќ и Студентската листа, изнедрена по долготрајните блокади и протести иницирани од падот на настрешницата во Нови Сад,
  • За постизборната ситуација и комбинации не помалку важно е дали и кои други партии ќе го преминат цензусот. Таа дилема важи главно за Социјалистите на Ивица Дачиќ, Автентичната десница на Милош Јовановиќ и Европската листа (Здравко Понош, Мариника Тепиќ, Ѓилас...).
  • Резултатите се неизвесни но уште поголема неизвесност и несигорност создава прашањето дали тие ќе бидат признати од страната која ќе изгуби, во атмосфера во која српското политичко тело е полазирано како никогаш досега. 
  • Од заедницата на Македонци во Србија потсетуваат: „Шарената револуција не ѝ донесе ништо добро на Македонија, не сакаме и Србија да помине низ слично искуство“.
извор

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
  • Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
  • Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
  • „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ајрон Мејден знаат знаме да одберат

Музика
2

Сите модели на вештачка интелигенција го мислат истото за луѓето

Занимливости
3

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Свет
4

Волкановски ја одбрани светската титула па во рингот се завеаа австралиско и македонско знаме

Разно
5

Фридрих Мерц тврди дека е свесен

Разно
6

Стари, што беше бе тоа?

Видео
7

Друже, придржи ми го пивото

Видео
8

Демек мангуп а?

Фудбал
1

Сите модели на вештачка интелигенција го мислат истото за луѓето

Занимливости
2

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Свет
3

На Србија ѝ се гласа

4

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
5

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

6

Милиони хакерски напади врз интернет

7

И Европа размислува за директни преговори со Путин

8

Галантните кираџии на Велика Британија

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Постер два во еден

Пендаровски, со какви идеи си ти?

Булшит политички фотографии

Корпоративен меморандум

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy