
Иако е разбирлив стравот од ковид-19, кој не е ни најмалку за потценување, за добар дел од населението тој почна да ги влошува и менталните проблеми. Доволно голем дел од населението за СЗО сред целата паника да објави и совети за „заштита на вашето ментално здравје за време на епидемија на коронавирус“.
Меѓу тие совети на СЗО за менталното здравје и справување со стресот во периодов се:
- Да се избегнува гледање, читање или слушање вести кои можат да направат да се чувствуваш анксиозно или стресно;
- Ако бараш информации тоа нека се однесува на преземање практични чекори за подготвување планови и заштита на себе си и твоите блиски;
- Барај дополнување на информации само во одредено време, еднаш или два пати во текот на денот. Не постојано да си преплавен со нови вести.
Од Anxiety UK објаснуваат дека стравот за губење контрола и неможноста да се толерира несигурност се чести карактеристики кај добар дел од случаите за анксиозност.
„Добар дел од анксиозноста се базира во стравот од непознатото и чекање нешто да се случи - коронавирусот е токму тоа само на макро размер,“ објаснуваат од добротворната организација за ментално здравје, Мајнд.
Anxiety UK дава свои предлози за пазење на менталното здравје, кои главно се сродни на оние од СЗО и општо препораките за олабавување на користењето на смартфони:
- Ограничи го времето што го минуваш на читање или гледање работи кои не прават да се чувствуваш подобро. Воведи конкретно време во кое ќе ги проверуваш вестите.
- Има доста дезинформации, држи се до извори на кои можеш да им веруваш како сајтовите на владата и НХС (британскиот Национален здравствен сервис).