Битка за вакцината: Америка, убер алес

„Германија не е за продажба!“ му порачa на Вашингтон еден германски министер среде обидите на Трамп да издејствува Германците да направат вакцина за новиот коронавирус, ама тоа да биде ексклузивно за САД.

Американската и германската влада водат позадинска битка околу вакцината за коронавирусот, пишува Дојче Веле.

Во центарот на таа битка е германската компанија CureVac која работи на ветувачка вакцина за вирусот којa во експериментална фаза треба да биде готова до јуни или јули а потоа да добие дозвола да биде тестирана на луѓе.

Повикувајќи се на владини извори, германските медиуми јауваат дека Трамп во меѓувреме прави сè да ја обезбеди вакцината „но, ексклузивно за САД.“

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, рече дека властите веќе две недели се во постојан контакт со компанијата за да се спречи какви било штетно сценарио. Како резултат на тоа, компанијата деновиве соопшти дека на маса не е продажба ни на компанијата ни на нејзините технологии. Главниот инвеститор во CureVac обелодени дека исклучена е можноста за ексклузивен договор со САД.

„Ние сакаме да направиме вакцина за целиот свет, не за поединечна земја,“ порача Кристоф Хетик.

Интересно е што извршниот директор на оваа компанија Даниел Меничела, на втори март присуствуваше на состанок во Белата куќа на која се разговараше за вакцината. Само 10 дена подоцна, беше соопштено дека Меничела се менува со друг човек. Причини за смената не беа соопштени но реално е да се претпостави дека тој е човекот кој му ги запалил надежите на Трамп а кои Германија не планира да му ги исполни.

Компанијата е базирана во југозападна Германија, во градот Тубинген и работи под чадорот на Институтот Пол Ерлих кој е поврзан со германското министерство за здравство.

Дека „Германија не е на продажба“ порача министерот за економија, Петер Алтмаер.

16 март 2020 - 10:20