Службата одговорна за руските затвори по наредба на рускиот премиер Мишустин, почнала со префрлање на затворениците на производство на маски. Русија ја има 4-та по големина затворска популација во светот со речиси 520.000 затвореници.
Слична наредба добиле и во министерството за образование и министерството за одбрана како и руската национална гарда, кои ќе требаат „да обезбедат услови за производство на лична заштитна опрема“ вклучувајќи маски и заштитни одела.
Пред оваа одлука, Русија забрани извоз на медицински маски, ракавици, завои и заштитни одела за да го спречи потенцијалниот недостиг.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија деновиве се зголеми за речиси два пати од 63 на 114, од кои 53 се во Москва.
Инаку Путин за 22 април закажа гласање на референдум за уставните измени кои, меѓу другото, ќе му дозволат пак да се кандидира за претседател, со тоа што остави простор гласањето да биде одложено заради епидемија.