ПЕПП (Pandemic Emergency Purchase Programme) е втор обид на ЕЦБ да ги смири берзите, откако првиот, од пред 6 дена не успеа, што како последица имаше дополнителен притисок врз европските економии.
Новата мерка имаше позитивно влијание на европските берзи чиј индекс сабајлево веднаш почна да расте:
Програмата ќе биде привремена и ќе заврши кога ЕЦБ „ќе процени дека кризната фаза од ковид-19 е завршена, но во ниту еден случај тоа нема да биде пред крајот на годината.“
„Фактот дека Еврозоната конечно се помири со обемот на кризата треба да го ублажи падот и е важен предуслов за брзо враќање. Како и многу пати во минатото, на Еврозоната и требаше време за да реагира,“ изјавува Карстен Брезски од инвестициската банка ИНГ.
Претходно ЕЦБ беше критикувана дека не презема доволно мерки за да ја поддржи еврозоната, споредено со Федералните резерви на САД. Во неделата американските финансиски власти објавија дека каматните стапки ги симнуваат речиси на 0 и започнуваат програма за стимул од 700 милијарди долари (646 милијарди евра).